СЛУЧАЈ OPUZ v. TURKEY

Наслов СЛУЧАЈ OPUZ v. TURKEY
Број 33401/02 Датум на донесување 6/9/09 12:06 PM
Суд од кој произлегува Европски суд за човекови права
Член на конвенцијата: Член 3 - Забрана на мачење

ТРЕТ ОДДЕЛ



СЛУЧАЈ OPUZ v. TURKEY

(Жалба бр. 33401/02)


ПРЕСУДА

СТРАЗБУР

9 ЈУНИ 2009

КОНЕЧНА

09/09/2009

Оваа пресуда може да биде предмет на уредничка ревизија

Во случајот Opuz v. Turkey,
Европскиот суд на човекови права (трет оддел), заседавајќи во совет во состав :
Josep Casadevall, претседател,
Elisabet Fura-Sandstrom,
Corneliu Bоrsan,
Alvina Gyulumyan,
Egbert Myjer,
Ineta Ziemele,
Iюэl Karakaє, судии,
и Santiago Quesada,
регистар на одделот,
Одлучувајќи без присуство на јавноста на 7 октомври 2008 и 19 мај 2009,
Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на последниот споменат датум:

ПОСТАПКА

1. Случајот потекна од жалбата бр. 33401/02 против Република Турција, поднесена до Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи (“Конвенцијата”) од страна на турската државјанка гга Nahide Opuz (“жалителот”), на 15 јули 2002.


2. Жалителот беше застапуван од страна на гдин M. Beєtaє, адвокат со пракса во Diyarbakэr. Турската Влада (“Владата”) беше застапувана од својот агент.
3. Жалителот навел особено, дека државните органи не успеале да ја заштитат неа и нејзината мајка од домашно насилство, како резултат на кое нејзината мајка починатла а со неа било лошо постапувано.
4. На 28 ноември 2006 Судот одлучил да ја поднесен жалбата до Владата. Според одредбите на членот 29 § 3 од Конвенцијата, одлучил едновремено да ги испита и основаноста и допуштеноста на жалбата.
5. Беа добиени коментари од трета страна, од Interights, на кои им беше дозволено од страна на Претседателот да интервенираат во постапката (член 36 § 2 од Конвенцијата и Правило 44 § 2 од Деловникот на Судот). Владата одговорила на овие коментари (Правило 44 § 5).
6. Расправа за допуштеноста и основаноста на случајот се одржала во присуство на јавноста во Зградата на човековите права во Стразбур, на 7 октомври 2008 (Правило 59 § 3 од Деловникот на Судот).




Пред Судот се појавија:

(a) за одговорната Влада
гга Ms Deniz Akзay, ко-агент,
гга Ms Esra Demir,
гга Zeynep Gоkєen Acar,
гдинGьrзay Єeker,
гга Gьlsьn Bьker,
гга Elif Ercan,
гдинMurat Yardэmcэ, советници;

(b) за жалителот
гдинMesut Beєtaє,
гга Arzu Baєer, Lawyers;

(c) за третата страна Interights
гга Andrea Coomber, постар правник,
гга Doina Iona Straisteanu, правник.

Пред Судот се обратија гга Akзay, гдин Beєtaє и гга Coomber.

ФАКТИ




I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ

7. Жалителот е родена во 1972 и живее во Diyarbakэr.


8. Мајката на жалителот се омажила со A.O. во религиозна церемонија. Во 1990 жалителот и H.O., синот на A.O., започнале врска и започнале да живеат заедно. Тие официјално се земале на 12 ноември 1995. Имале три деца, во 1993, 1994 и 1996. Жалителот и H.O. имале жестоки расправи уште од почетокот на нивната врска. Фактите наведени подолу не биле оспорени од страна на Владата.

1. Првиот напад од H.O. и A.O. против жалителот и нејзината мајка

9. На 10 април 1995 жалителот и нејзината мајка поднеле пријава во канцеларијата на јавниот обвинител на Diyarbakэr , со наводи дека H.O. и A.O им барале пари, ги тепале и се заканувале дека ќе ги убијат. Тие исто така навеле дека H.O. и неговиот татко сакале да носат и други мажи во нивниот дом.


10. Истиот ден, жалителот и нејзината мајка биле прегледани од страна на доктор. Медицинските извештаи за жалителот забележале модринки на нејзиното тело, ехимоза и потекување на нејзината лева веѓа и гребнатини од нокти на вратот. Медицинскиот извештај од мајката на жалителот исто така забележале модринки и отоци на нејзиното тело. На 20 април 1995 биле издадени дефинитивните извештаи, кои ги потврдиле наодите на првиот извештај и навеле дека повредите во прашање биле доволни за жалителот и нејзината мајка да се прогласат за неспособни за работа пет дена.
11. На 25 април 1995 јавниот обвинител поднел обвиненија против H.O. и A.O. за закани со смрт и телесни повреди. На 15 јуни 1995 Првиот суд на Магистрати на Diyarbakэr го прекинал случајот за напад, со оглед на тоа што жалителот и нејзината мајка ги повлекле пријавите и оттука ја отстраниле основата за постапка согласно член 456 став 4 од Кривичниот законик.
12. На 11 септември 1995 Вториот суд на Магистрати на Diyarbakir исто ги ослободил обвинетите од закани со смрт поради недостиг од докази, и го прекинал случајот за напад, забележувајќи дека претходно бил разгледан од Првиот суд на Магистрати на Diyarbakэr


2. Вториот напад од H.O. врз жалителот


13. На 11 април 1996, за време на кавга, H.O. тешко ја истепал жалителот. Изготвениот медицински извештај за тој настан забележал закрвавена површина на нејзиното десно око, крварење во десното уво, ехимоза на левото рамо и болки во грбот. Извештајот заклучил дека повредите на жалителот биле доволни да и го загрозат животот. Истиот ден, по барање на јавниот обвинител и со одлука на судија поединец, H.O. бил задржан во притвор.
14. На 12 април 1996 јавниот обвинител поднел обвинение пред Кривичниот суд во Diyarbakэr обвинувајќи го H.O. за тешки телесни повреди според членовите 456 § 2 и 457 § 1 од Кривичниот законик.
15. На 15 април 1996 H.O. поднел барање пред Претседателството на Првиот суд на Магистрати, со барање за ослободување за време на судењето. Тој објаснил дека за време на кавга со неговата жена се налутил и ја удрил два или три пати. Тогаш неговата тешта,која работела во болница, добила медицински извештај за неговата жена , кој извештај довел до притвор без никаква причина. Тој изјавил дека не сака да ја изгуби својата жена и бизнисот како и дека жали што ја натепал.
16. На 16 април 1996 Вториот суд на Магистрати го отфрлил барањето на H.O. за ослободување за време на судењето и одлучил дека неговиот притвор треба да биде продолжен.
17. На расправата на 14 мај 1996, жалителот ја повторила својата жалба. Јавниот обвинител побарал H.O. да биде ослободен за време на судењето, со оглед на природата на делото како и фактот дека жалителот целосно го повратила здравјето. Следствено, судот го ослободил H.O.
18. На расправата на 13 јуни 1996, жалителот ја повлекла својата пријава, изјавувајќи дека таа и нејзиниот сопруг се помириле.
19. На 18 јули 1996 судот нашол дека делото потпаѓало под член 456 § 4 од Кривичниот суд, за кои е потребна пријава од жалителот за да се продолжи со постапката. Следствено, го прекинал случајот на основа на тоа што жалителот ја повлекла пријавата.

3. Третиот напад од H.O. против жалителот и нејзината мајка

20. На 5 февруари 1998 жалителот, нејзината мајка, нејзината сестра и H.O. имале кавга, во текот на која H.O. извадил нож на жалителот. H.O., жалителот и нејзината мајка претрпеле повреди. Медицинските извештаи навеле повреди кои ги прогласиле за неспособни за работа за седум, три и пет дена соодветно.


21. На 6 март 1998 јавниот обвинител решил да не гони никого во врска со овој настан. Тој заклучил дека нема доволно докази да се гони H.O. во врска со нападот со нож, како и дека другите дела како непосреден физички напад и штета врз имот можат да бидат предмет на приватни тужби. Оттука, немало јавен интерес во водење на случајот.
22. Жалителот отишла да живее со својата мајка.

4. Четврт напад од Н.О. против жалителот и нејзината мајка: закани и напад (со употреба на автомобил) кој довел до започнување на постапка за развод

23. На 4 март 1998 H.O. удрил со кола во жалителот и нејзината мајка. Мајката на жалителот пострадала од повреди опасни по живот. Во полициската станица, H.O. останал при тоа дека настанот бил несреќен случај. Тој само сакал да ги превезе жалителот и нејзината мајка, кои тоа го одбиле пред да продолжат да пешачат. Тогаш тие се фрлиле пред автомобилот. Мајката на жалителот навела дека H.O. им рекол да влезат во автомобилот како и дека ќе ги убие ако одбијат. Бидејќи тие не сакале да влезат во автомобилот и почнале да бегаат, H.O. удрил со автомобилот во жалителот, која паднала. Додека мајката на жалителот се обидувала да и помогне на ќерка си, H.O. отишол во рикверц и потоа почнал да вози нанапред, овојпат во мајката. Мајката на жалителот останала при свест во болницата. Во нејзините изјави на полицијата жалителот ги потврдила изјавите на мајката и навела дека нејзиниот маж се обидел да ги убие со својот автомобил.


24. На 5 March 1998 судија поединец во судот на Магистрати во Diyarbakэr го задржал H.O. во притвор.

25. На 19 март 1998 јвниот обвинител повел кривична постапка против H.O. во Третиот кривичен суд во Diyarbakэr за закани со смрт и нанесување тешки телесни повреди. Истиот ден Институто за судска медицина поднел медицински извештај кој забележал гребаници на колената на жалителот. Извештајот заклучил дека повредите на жалителот ја прават неспособна за работа во времетраење од пет дена.
26. На 20 март 1998 жалителот повела постапка за развод од H.O. на основа на тешки несогласувања. Таа навела дека нејзиниот маж ги избегнува своите одговорности како сопруг и татко. Тој нечовечки постапувал со неа, како што можело да се увиди од медицинските извештаи. Таа исто така навела дека нејзиниот маж носел други жени во нивниот дом. Жалителот поднела дека таа подоцна се откажала од постапката за развод заради закани и притисок од својот маж.
27. На 2 април 1998 жалителот и нејзината мајка поднеле барање до канцеларијата на главниот јавен обвинител на барајќи мерки за заштита од властите по добиените закани со смрт упатени од H.O. и неговиот татко.
28. На 2 и 3 април 1998 полициските службеници земале изјави од жалителот, нејзината мајка, нејзиниот брат и неговата жена, како и H.O. и неговиот татко. Жалителот и нејзината мајка навеле дека H.O. се обидел да ги убие со својот автомобил и дека им се заканил со смрт ако жалителот не се врати кај H.O. Тие кажале дека жалителот веќе започнала постапка за развод и дека не сака да се врати да живее со H.O. Братот на жалителот и неговата жена навеле дека жалителот била одвратена од својата мајка од тоа да се врати кај својот маж, како идека тие ништо не знаеле за заканите на Н.О. и неговиот татко. H.O. на тоа спротиставил дека неговата единствена намера била да го собере заедно своето семејство,но дека тоа го спречувала неговата тешта. Тој исто така навел дека отишол да побара помош кај братот на жалителот и постарите членови на фамилијата, но без резултат. Тој останал при тоа дека никогаш не и се заканувал на жалителот или на нејзината мајка, како и дела овие наводи се клеветнички. Таткото на Н.О. останал на тоа дека мајката на жалителот сакала нејзината ќерка да се разведе од Н.О. и да се омажи со некој друг.
29. Во извештај од 3 април 1998 директорот на одделот за закон и јавен ред од Директоратот за безбедност на Diyarbakэr ја информирал канцеларијата на главниот јавен обвинител за резултатот од истрагата во врска со наводите на жалителот и нејзината мајка. Тој заклучил дека жалителот го напуштила својот маж и отишла да живее со својата мајка. Неколкуте барања на Н.О. за нејзиното враќање биле одбивани од мајката на жалителот, која го навредувала и изнела дека тој и упатувал смртни закани. Тој поминал 25 дена во затвор поради удирање со автомобил во својата тешта, а по пуштањето, се обратил на повеќе медијатори да ја убедат неговата жена да се врати дома. Сепак, мајката не дозволила жалителот да се врати кај Н.О. Двете страни си упатиле смртни закани едни на други. Дополнително, мајката сакала да ја раздели својата ќерка од Н.О. со цел да се одмазди кон својот бивш маж, постојано изнесувала клеветнички изјави и исто така “го трошела“ времето на безбедносните сили.
30. На 14 април 1998 главниот јавен обвинител на Diyarbakэr ги обвинил H.O. и неговиот татко A.O. за упатување смртни закани против жалителот и нејзината мајка, спротивно на член 188 § 1 од Кривичниот законик.
31. На 30 април 1998 Кривичниот суд на Diyarbakэr го ослободил H.O. за врмее на судењето. Судот утврдил дека нема надлежност врз случајот и ги испратил списите до Diyarbakэr Assize судот.
32. На 11 мај 1998 Diyarbakэr Assize судот го квалификувал делото како обид за убиство. За време на расправата на 9 јули 1998, H.O. повторил дека настанот бил несреќен случај; вратата од автомобилот била отворена, и случајно ги удрила жалителите кога го помрднал автомобилот. Жалителот и нејзината мајка ги потврдиле изјавите на Н.О. и останале на тоа дека не сакаат понатаму да ја продолжат постапката.
33. На 23 јуни 1998 Diyarbakэr Assize судот ги ослободил H.O. и неговиот татко од обвиненијата за упатување смртни закани, заради недостиг од докази. Судот забележал дека обвинетите ги негирале наводите и тужителите ги повлекле своите жалби. Жалителот се вратила да живее со Н.О.
34. На 9 јули 1998 мајката на жалителот била уште еднаш медицински прегледата, и било утврдено дека нејзините повреди не биле опасни по живот, туку биле доволни да се утврди дека е неспособна за работа во времетраење од 25 дена.
35. На расправата на 8 октомври 1998 жалителот и нејзината мајка ги повлекле своите жалби. Тие изјавиле дека вратата на автомобилот била отворена и дека H.O. случајно ги удрил. Кога биле испитани за своите жалби против H.O., жалителот и нејзината мајка анвеле дека биле во кавга со H.O. и дека тие наводи ги изнеле во лутина.
36. На 17 ноември 1998 Diyarbakэr Assize судот заклучил дека случајот треба да се прекине во врска со делото сторено против жалителот, затоа што таа ја повлекла својата пријава. Сепак, судот одлучил дека, иако мајката на жалителот исто така ја повлекла својата пријава, Н.О. сепак треба да биде осуден за тоа дело, бидејќи повредите биле посериозни. Следствено, судот го осудил Н.О. на три месеци затвор и парична казна; казната затвор подоцна била преиначена во парична.

5. Петтиот напад на жалителот од Н.О ,кој предизвикал тешки телесни повреди

37. На 29 октомври 2001 жалителот отишла да ја посети својата мајка. Подоцна истиот ден H.O. телефонирал и побарал жалителот да се врати дома. Жалителот, загрижена дека нејзиниот маж повторно ќе биде насилен кон неа, и рекла на својата мајка “тој човек ќе ме растргне на парчиња!“. Мајката на жалителот ја охрабрила да се врати дома кај децата. Четириесет и пет минути подоцна, едно од децата се вратило, кажувајќи дека неговиот татко ја избодел и убил мајка му. Мајката на жалителот побрзала кон куќата на жалителот. Таа видела дека жалителот била на подот и крварела. Со помош на соседите, таа ја ставила жалителот во такси и ја однела во државната болница во Diyarbakэr. Болничкиот персонал и рекле дека состојбата на жалителот е сериозна и ја префрлиле во Универзитетската болница во Dicle која била подобро опремена. Медицинскиот извештај за жалителот посочил неколку убоди со нож на различни делови од телото. Сепак, овие повреди не биле квалификувани како загрозувачки по животот.


38. Околу 11.30 навечер истиот ден H.O. се предал во полициска станица. Полицијата го одземала ножот кој тој го употребила во инцидентот. H.O. останал на тоа дека неговите жена и деца не биле дома кога се вратил во 6.00 попладне. Тој им телефонирал и побарал да се вратат дома. По нивното враќање, тој ја прашал жалителот: “Зошто се шеташ надвор? Зошто не си зготвила ништо за мене?” Жалителот одговорила, “Јадевме кај мајка ми”, и му донела чинија со овошје. Тие продолжиле да се расправаат. Тој и рекол, “Зошто одиш кај мајка ти толку често? Не оди таму толку многу, седи дома и грижи се за децата!” Кавгата ескалирала. Во еден момент, жалителот го нападнала со виљушка. Тие започнале да се тепаат, при што тој изгубил контрола, го зграпчил ножот за овошје и ја избодел; не се сеќавал колку пати. Тој тврдел дека жена му е поголема од него, така да тој морал да возврати кога таа го нападнала. Додал дека неговата жена не е лош човек и дека претходно тие мирно живееле се до пред две години. Започнале да се расправаат кога мајката на жалителот започнала да се меша во нивниот брак. Изјавил дека жали за тоа што го сторил. Н.О. бил ослободен откога биле земен неговиот исказ.
39. На 31 октомври 2001 адвокатот на мајката на ќалителот се обратил до канцеларијата на јавниот обвинител на Diyarbakэr. Во својот поднесок, таа изјавила дека мајката на ќалителот и рекла дека Н.О. многу ја истепал нејзината ќерка пет години претходно, по што бил уапсен и притворен. Сепак, бил ослободен на првата расправа. Таа изјавила дека нејзината странка и жалителот морале да ги повлечат своите жалби зараи постојаните смртни закани и притисок од Н.О. Та понатаму изјавила дека имало кажувања дека Н.О. бил вмешат во трговија со жени. Конечно таа се осврнала на инцидентот од 4 март 1998 (види погоре), тврдејќи дека, по така сериозен инцидент, ослободувањето на Н.О. е морално штетно, и побарале тој да остане во притвор.
40. На 2 ноември 2001 адвокатот на жалителот поднел приговор до канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr, против медицинскиот извештај од болницата на медицинскиот факултет во Dicle, која заклучила дека повредите на жалителот не биле опасни по живот. Адвокатот побарал ново медицинско испитување.
41. На 9 ноември 2001 жалителот поднела барање до канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr, жалејќи се дека била прободена многу пати од H.O. по кавгата со него. Таа побарала од јавниот обвинител да ја испрати до Институтот за форензика за ново медицинско испитување
42. На 8 ноември 2001 по упатување од јавниот обвинител, жалителот била медицински прегледана повторно од страна на Институто за форензика во Diyarbakэr. Форензичкиот доктор забележал дприсуство на рани предизвикани со нож на левиот рачен зглоб ( длги 3 сантиметри), на левиот колк (длабоки 5 сантиметри), уште една рана на левиот колк длабока 2 сантиметри и рана над левото колено. Дал мислење дека раните не биле опасни по живот, но дека жалителот нема да биде способна за работа во време траење од седум дена.
43. На 12 декември 2001 јавниот обвинител поднел обвинение пред Судот на магистрати на Diyarbakэr, обвинувајќи го Н.О. за напад со нож согласно член 456 § 4 и 457 § 1 од Кривичниот законик.
44. Со кривична одлука од 23 мај 2002, Вториот суд на магистрати на Diyarbakэr определил парична казна од 839,957,040 турски лири за H.O за нападот со нож врз жалителот. Судот одлучил дека тој може да ја плати казната во осум рати.

6. Шестиот инцидент во кој H.O. и се заканувал на жалителот

45. На 14 ноември 2001 жалителот поднела кривична пријава до канцеларијата на јавниот обвинител во Diyarbakэr, со наводи за закани од страна на H.O.


46. На 11 март 2002 јавниот обвинител одлучил дека нема конкретен доказ за гонење на H.O. освен наводите изнесени од жалителот.

7. Мајката на жалителот поднела пријава до канцеларијата на јавниот обвинител со навод за смртни закани од страна на H.O. и A.O.

47. На 19 ноември 2001 мајката на жалителот поднела пријава до јавниот обвинител. Во пријавата изнела дека H.O., A.O. и нивните роднини постојано и се заканувале неа и на нејзината ќерка. Особено, H.O. и рекол, “Ќе те убијам тебе, твоите деца и целото твое семејство!” Тој исто така ја вознемирувал и ја нарушил нејзината приватност штеајќи низ нејзиниот имот и носејќи ножеви и пиштоли. Таа изјавила дека Н.О. треба да се смета за одговорен доколку се случи инцидент поврзан со неаи нејзиното семејство. Таа исто така се осврнала на настаните од 29 октомври 2001, кога жалителот била избодена од него (види погоре). Во договор на нејзината пријава, на 22 новмери 2002, јавниот обвинител со допис побарал од Директоратот за безбедност на Diyarbakэr да земе изјави од тужителот и H.O. и да поднесе истражен извештај до неговата канцеларија.


48. Во меѓувреме, на 14 декември 2001 жалителот повторно поднела постапка за развод пред граѓанскиот суд во Diyarbakэr.
49. На 23 декември 2001 полицијата земала изјава од H.O. во врска со наводите на мајката на жалителот. Тој ги одрекол наводите против него и тврдел дека неговата тешта, која се мешала во неговиот брак и влијаела врз неговата жена да води неморален живот, му се заканувала. Полицијата земала изјава и од мајката на жалителот на 5 јануари 2002. Таа тврдела дека H.O. доаѓал на нејзиниот праг секој ден, и покажувал нож или пиштол и и се заканувал неа, на нејзината ќерка и внуци со смрт.
50. На 10 јануари 2002 H.O. бил обвинет за упатување смртни закани, согласно член 191 § 1 од Кривичниот законик.
51. На 27 февруари 2002 поднела дополнителна пријава до канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr. Таа изјавила дека заканите на Н.О. се интензивирале. H.O., заедно со неговите пријатели, ја вознемирувал, и се заканувал и ја пцуел по телефон. Изјавила дека нејзиниот живот е во непосредна опаснсот и побарала полицијата да го прислушува нејзиниот телефон и да преземе дејствија против H.O. Истиот ден, канцеларијата на главниот јавен обвинител побарала од Директоратот на турскиот телеком во Diyarbakэr да достави до јавниот обвинител листа од сите броеви кои ќе ја повикаат телефонската линија на мајката на жалителот во текот на следниот месец. Во отсуство на одговор, јавниот обвинител по повторил барањето на 3 април 2002.
52. На 16 април 2002 Судот на магистрати на Diyarbakэr го испрашал H.O. во врска со нападот со нож врз неговата тешта. Тој ја повторил изјавата што ја дал во полиција, додавајќи дека не сакал неговата жена да ја посетува мајка си, бидејќи таа водела неморален живот.

8. Убиството на мајката на жалителот од страна на H.O.

53. Жалителот живеела со својата мајка од инцидентот на 29 октомври 2001.


54. На неодреден датум мајката на жалителот се договорила со компанија за превоз да го преместат нејзиниот мебел до Измир. H.O. дознал за ова и наводно рекол, “Каде и да одиш, ќе те најдам и ќе те убијам!” И покрај заканите, на 11 март 2002 мебелот бил натоварен на камионот на компанијата за превоз. Камионот двапати одел помеѓу складиштето на компанијата и куќата. Третиот пат, мајката на жалиелот го прашала возачо дали може да се одвезе со него до складиштето. Таа седнала на предното седиште, до возачот. По пат, такси возило застанало пред камионот и започнало да сигнализира. Возачот на камионот, мислејќи дека таксистот ќе прашува за адреса, застанал. Од таксито излегол Н.О. Ја отворил предната врата каде што седела мајакта на жалителот и извикал нешто како “Каде го носиш мебелот?“ и ја застрелал. Мајката на жалителот починала на лице место.

9. Кривична постапка против H.O.

55. На 13 март 2002 јавниот обвинител во Diyarbakэr поднел обвинение пред Diyarbakэr Assize судот, обвинувајќи го H.O. за убиство со умисла согласно 449 § 1 од Кривичниот законик.


56. Во својата изјава пред полицијата, јавниот обвинител и судот, H.O. тврдел дека ја убил мајката на жалителот бидејќи ја терала неговата жена да води неморален живот, како нејзиниот, како и дека ги оттргнувала неговите жена и деца од него. Тој навел дека на денот на инцидентот, кога ја прашал починатата каде го носи мебелот, и каде е неговата жена, починатата одговорила “Е.и се, ќе ти ја одземам жената и ќе ја продадам!”. Тој изјавил дека го изгубил трпението и ја застрелал заради својата чест и своите деца.
57. Во конечната пресуда од 26 март 2008, Diyarbakэr Assize судот го осудил H.O. за убиство и незаконско поседување оружје. Му била определена казна доживотен затвор. Сепак, земајќи го во предвид фактот дека обвинетиот го сторил делото како резултат на провокација од починатата, како и неговото добро поведение за време на судењето, судот ја ублажил првобитната казна, и ја преиначил на 15 години и 10 месеци затвор и парична казна од 180 нови турски лири. Со оглед на врмето поминато од осудениот во притвор, како и фактот дека пресудата ќе се разгледува по жалба, судот наредил ослободување на H.O.
58. Постапката по жалба е во тек пред Касациониот суд.

10. Најнови настѕани по ослободувањето на H.O.

59. Со барање од 15 април 2008, жалителот поднела кривична пријава до канцеларијата на главниот јавен обвинител Kemalpaєa во Измир, за поднесување до канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr и побарала од властите да преземат мерки за заштита на нејзиниот живот. Таа изјавила дека нејзиниот бивш маж, На неодреден датум по убиството на нејзината мајка, жалителот добила развод од нејзиниот маж. H.O., бил ослободен од затвор и дека рано во април отишол да го посети нејзиното момче M.M., кој работел на градилиште во Diyarbakэr, и го прашувал каде таа се наоѓа. Како M.M. одбил да му ја даде нејзината адреса, H.O. му се заканил и му рекол дека же ги убие него и жалителот. Жалителот тврдела дека H.O. веќе ја убил нејзината мајка и дека нема да се колеба да ја убие и неа. Таа постојано ја менувала својата адреса за H.O. да не може да ја пронајде. Конечно , побала од обвинителските органи да ги чуваат во доверба нејзината адреса, наведена на барањето, и името на нејзиното момче, и да побараат одговорност од H.O. доколку нешто и се случи на неа или на нејзините роднини.



60. На 14 мај 2008 застапникот на жалителот го информирал Судот дека мажот на жалителот бил ослободен од затвор и дека повторно почнал да упатува закани кон жалителот. Таа се пожалила дека не биле презмеени мерки и покрај барањето на жалителот. Оттука, таа побарлаа од судот да побара од Владата да обезбеди соодветна заштита.
61. Во допис од 16 мај 2008, регистарот го препратил барањето на жалителот до Владата за коментар и ја поканил да го информира Судот за мерките кои ќе ги преземат нејзините органи.
62. На 26 мај 2008 директорот на одделот за меѓународно право и односи во состав на Министерството за правда испратил по факс допс до канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr во врска со жалбите на жалителот до Европскиот суд за човекови права. Тој го информирал канцеларијата на главниот јавен обвинител за жалбата на жалителот пред Судот и побарал од него да обезбеди информации за состојбата со извршувањето на казната на Н.О., сотојбата со постапката во врска со кривичната пријава на жалителот пред канцеларијата на главниот јавен обвинител Kemalpaєa во Измир , како и за мерките кои биле преземени за заштиа на животот на жалителот.
63. Истиот ден, јавен обвинител од канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr, испратил допис до канцеларијата на гувернерот на Diyarbakэr и од него побарал да преземе мерки за заштита на жалителот.
64. Со допис од 28 мај 2008 од канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr до Централниот полициски директорат Єehitler во Diyarbakэr, јавниот обвинител (A.E.) побарал од полицијата да го повика H.O. во неговата канцеларија во врска со истрага.
65. На 29 мај 2008 A.E. го испитал H.O. во врска со кривичната пријава поднесена од жалителот. H.O. ги одрекол наводите дека и се заканувал на жалителот и тврдел дека таа изнела такви наводи за да го вознемирува по неговото ослободување од затвор. Тој останал при тоа дека не чувствува никакво непријателство кон жалителот и дека се посветил себеи на своето семејство и децата.
66. На 3 јуни 2008 A.E. земал изјава од момќет на жалителот, M.M. Тој изјавил дека H.O. му се јавил и ја побарал адресата на жалителот, и му рекол дека ќе ја убие. M.M. не се сретнал со H.O, ниту поднел кривична пријава против него. Тој сепак и се јавил на жалителот и ја информирал за заканите упатени од H.O.
67. Во допис од 20 јуни 2008, Владата го информирала Судот дека мажот на жалителот се уште не ја отслужил казната додке ае во тек жалбената постапка, со цел да се избегне надминувањето на дозволениот лимит на притвор пред судење. Тие исто така изјавиле дека канцеларијата на Гувернерот и канцеларијата на главниот јавен обвинител биле информирани за пријавата на жалителот и дека добиле насоки да преземат превентивни мерки за заштита на жалителот. 68. Конечно, на 14 ноември 2008 правниот застапник на жалителот го информирал Судот дека животот на нејзиниот клиент бил во непосредна опасност бидејќи властите се уште не презеле никакви мерки да ја заштитат од нејзиниот поранешен маж. Регистарот на Судот го препратил овој допис до Владата истиот ден, со покана да достават информации за мерките кои ги презеле да го заштитат жалителот.
69. На 21 ноември 2008 Владата го информирала Судот дека полициските власти преземале посебни мерки за заштита на жалителот од нејзиниот поранешен маж. Конкретно, фотографија и отисоци од прстите на мажот на жалителот биле дистрибуирани на полициските станици во регионот така да можат да го уапсат доколку тој се појави блиску до местото на престој на жалителот. Полицијата ја испитала жалителот во врска со наводите. Таа изјавила дека во изминатиот месец и половина не добила закани од мажот.

II. РЕЛЕВАНТНО ЗАКОНОДАВСТВО И ПРАКСА




A. Домашно законодавство и пракса

70. Одредбите од релевантното домашно законодавство на кои се потпреле судските власти во односниот случај се поместени подолу.

1. Кривичен законик



член 188

“Оној кој со употреба на сила или закани присили друго лице да стори или да не стори нешто или да ја добие неговата дозвола да стори нешто...е се казни со кзана затвор од шест месеци до една година, и со парична казна од 1000 до 3000 лири...“

член 191 § 1

“Оној кој, освен во ситуации определени со закон, се заканува на другло лице со сериозна и неправедна штета, ќе биде осуден на казна затвор од шест месеци.“

член 449

“Доколку делото на убиство е:

a. сторено врз жена,маж, сестра или брат, посвоител, посвоен одете, маќеа, очув, пасторка, посинок, тест, тешта, снаа или зет...сторителот ќе се казни со казна доживотен затвор...”



член 456 § 1, 2 и 4

“Оној кој измачува друго лице физички или штети на неговото или нејзиното здравје или предизвикува мозочна штета, без умисла за убиство, ќе биде казнет со казна затвор од шест месеци до една година.

Онаму каде делото претставува штета за животот на жртвата или предизвикува постојана слабост на некој од органите или сетилата, или постојана тешкотија во говорот или постојани повреди на лицето, или физичка или ментална болест во траење од дваесет или повеќе дена, или ја спречува (жртвата) од продолжување со својата редовна работа за истиот број на денови, сторителот ќе биде казнет со казна затвор помеѓу две и пет години....

Доколку делото не предизвика болест или не ја спречи (жртвата) од продолжување со својата редовна работа, или овие ситуации не траат повеќе од десет дена, сторителот ќе се казни со тешка казна од дванаесет илјади до сто и педесет илјади лири, доколку повреденото лице се жали...“



член 457

“Доколку делата споменати во членот 456 се сторени против лицата цитирани во членот 449, или доколку делото е сторено од скриено или видливо оружје или штетна хемикалија, казната ќе биде зголемена за една третина до половина од главната казна.“

член 460

“Во ситуациите опишани во членовите 456 и 459, каде започнувањето на гонењето зависи од поднесување пријава (од жртвата), доколку тужителот се одрече од неговите/нејзините тужби пред прогласувањето на конечната пресуда, јавното гонење ќе биде сопрено.

2. Закон за заштита на семејството (Закон бр. 4320, 14 јануари 1998)



член 1

“Доколку сопружник или дете или друг член на семејството кој живее под истиот покрив е предмет на семејно насилство како и ако судот на магистрати кој одлучува по граѓански прашања е известен за фактот од тоа лице или од канцеларијата на јавниот обвинител, судијата, земајќи ја во предвид природата на инцидентот, може на негова или нејзина иницијатива на нареди една или повеќе од следните мерки, или други слични мерки што смета дека се соодветни. На сопружникот кој е сторител може да му се нареди:

(a) да не пројавува насилно или заканувачко однесување против другиот сопружник или децата (или други членов на семејството кои живеат под ист покрив),

(б) да го напушти заедничкиот дом и да го отстапи на другиот сопружник и децата, доколку ги имаат, и да не им се доближува на домот во кој живеат другиот сопружник и децата, ниту на нивните работни места,

(в) да не го оштетува имотот на другиот сопружник ( или на децата или на другите членови на семејството кои живеат под ист покрив) ,

(г) да не ги вознемирува другиот сопружник или децата ( или другите членови на семејството кои живеат под ист покрив) преку употреба на средства за комуникација,

(д) да ги предаде оружјето или сличните средства на органите за спроведување на законот,

(ѓ) да не доаѓа во заедничкиот дом која е под влиание на алкохол или други штетни супстанци, или да не ги користи таквите супстанци во заедничкиот дом.

Горенаведените мерки ќе се применуваат во период кој нема да надмине шест месеци. За таа цел, сопружникот сторител ќе биде предупреден дека во случај да не се придржува кон изречените мерки, тој или таа ќе биде уапсен или ќе му биде изречена казна затвор. Судијата може да нареди плажање за одржување, земајќи го во предвид стандардот на живот на жртвата.

Пријавите поднесени под членот 1 нема да бидат предмет на судски трошоци.”



член 2

“Судот ќе достави копија од наредбата за заштита до канцеларијата на главниот јавен обвинител. Канцеларијата на главниот јавен обвинител ќе ја надгледува примената на наредбата преку агенциите за спроведување на законот.

Во случај на непридржување до наредбата за заштита, агенцијата за спроведување на законот ќе спроведе истрага по сопствена иницијатива, без да се бара од жртвата да поднесе пријава, и ќе ги достави документите дод канцеларијата на главниот јавен обвинител без одложување.

Канцеларијата на главниот јавен обвинител ќе поднесе обвинение до судот на магистрати против сопружникот кој ќе пропушти да се придржува до наредбата за заштита. Местото и брзото одржување на расправа по случајот ќе биде според одредбите на Законот бр. 3005 за постапката која ги уредува flagrante delicto случаите.

Кога делото во прашање претставува оддело дело, сопружникот кој пропушти да се придржува на наредбата за заштита исто така ќе биде казнет со казна затвор од три до шест месеци. “


3. Регулативи за имплементација на Законот за заштита на семејството од 1 март 2008

71. Овие регулативи, кои беа изготвени да ја уредат имплементацијата на Законот бр. 4320, ги определуваат мерките што треба да се преземат по однос на членовите на смеејството кои извршуваат насилство и постапките и принципите за примена на тие мерки, со цел заштита на членовите на семејството кои биле подложени на семејно насилство.

B. Релевантен материјал од меѓународното и компаративното право




1. Позицијата на Обединетите Нации по однос на семејното насилство и дискриминацијата врз жените

72. Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW), беше усвоена во 1979 од Генералното собрание на ОН и ратификувана од Турција на 19 јануари 1986.


73. CEDAW ја дефинира дискриминацијата врз жената како “...секоја разлика, исклучување или ограниќување сторено на основа на пол, кое има ефект или цел намалување или поништување на признавањето, уживањето или практикувањето на човековите права и слободи од страна на жените, независно од нивниот брачен статус, во политичката, економска, општествена, културна, гражанска или било која друга област, а на осноа на еднаквоста помеѓу мажите и жените.“ Што се однесува до обврските на државите, член 2 од CEDAW го пропишува, во релевантниот дел, следното:

“Државите – членки ја осудуваат дискриминацијата против жената во сите нејзини форми, се согласуваат да спроведат со сите соодветни средства, и без одложување, политики за елиминација на дискриминацијата против жените, и , за таа цел, се обврзуваат:

...

(д) да ги преземат сите соодветни мерки за елиминација на дискриминацијата врз жените од страна на било кое лице, организација или компанија;

(ѓ) да ги преземат сите соодветни мерки, вклучително и законодавство, за измена или укинување на постојните закони, регулативи, обичаи или практики кои претставуваат дискриминација врз жените;“

74. Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените ( понатам “CEDAW Комитетот”) нашол дека “ родовото насилство е форма на диксриминација што сериозно ја спречува можноста на жените да ги уживаат правата и слободите на основа на еднаквост со мажите и оттука е забранета со членот 1 од CEDAW. Во рамките на општата категорија на родово насилство, Комитетот го вклучува и насилството од “приватни дејствија” Види ја општата препорака на Комитетот бр. 19 за “Насилство врз жените“ (1992) (1992) UN doc. CEDAW/C/1992/L.1/Add.15 во § 24 (a). и “семејното насилство”. Ibid, во § 24 (b); види исто § 24 (r). Следствено, родовото насилство повлекува должности на државите. Општата препорака бр. 19 определува каталог на таквите должности. Тие вклучуваат должност за државите да “ ги преземат сите правни и други нужни мерки за ефективна заштита на жените против родовото насилство Ibid, во § 24 (t). , вклучително казнени санкции, граѓански лекови и одредби за надомест на штета за заштита на жените од сите видови на насилство.“ Ibid, во § 24 (t) (i); види исто став 24 (r) за потребните мерки за надминување на семејното насислтво. Во заклучните коментари на комбинираниот четврт и петти извештај за Турција (понатаму: “заклучни коментари“) CEDAW Комитетот повторил дека насилството врз жените, вклучително и домашното насилство, е форма на дискриминација (види, CEDAW/C/TUR/4-5 и Corr.1, 15 февруари 2005, § 28).


75. Дополнително, во своето објаснување на општата препорака бр. 19, CEDAW Комитетот го изнел следново:

“...6. Конвенцијата во членот 1 ја дефинира дискриминацијата врз жените. Дефиницијата на дискриминацијата го вклучува родовото насилство,односно насилството кое е насочено кон жената бидејќи е жена, или кое диспропорционално ги засега жените. Вклучува дејствија кои предизвикуваат физичка,ментална или сексулана болка или страдање, закани за такви дејствија, присилба и други лишувања од слобода. Родовот насилство може да прекрши одредени одредби од Конвенцијата, независно од тоа дали тие одредби изречно го споменуваат насилството.

7. Родовото насилство, кое го намалува или поништува уживањето на човековите права и основни слободи на жените според меѓународното право или според конвенциите за човекови права, е дискриминација во смисла на членот 1 од Конвенцијата.

Коментари за одредени членови на Конвенцијата

...

Членови 2(ѓ), 5 and 10(в)

11. Традиционалните пристапи по кои жените се сметаат за подредени на мажите или дека имаат стереотипни улоги, предизвикуваат раширени практики кои вклучуваат насилство или присилба, како што е семејното насилство и злоупотреба, присилните бракови, смрт од одмазда, напади со киселина и женско обрежување. Ефектот на таквото насилство на физичкиот и ментален интегритет на жените е истите да бидат лишени од еднакво уживање, практикување и знаење за човековите права и основни слободи. Иако овој коментар се однесува главно на вистинското и на насилството во закана, суштинските последици на овие форми на родово насислтво помагаат во тоа жената да остане во подредена улога и придонесуваат за ниското ниво на политичко учество и за нивното пониско ниво на образование,вештини и можности за работа.“

76. Во случајот A.T. v. Hungary (одлука од 26 јануари 2005), каде жалителот навел дека нејзиниот маж, според обичајното право, и татко на нејзините две деца физички ја злоупотребувал и и се заканувал од 1998 натаму, CEDAW Комитетот и наложил на Унгарија да преземе мерки “ да го гарантира физичкиот и менталниот интегритет на жалителот и нејзиното семејство“, како и да обезбеди дека таа има безбедно место за престој за живот со своите деца, како и дека ќе добива додаток за деца, правна помош и надомест во согласнсот со болката што ја претрпела и повредата на нејзините права. Комитетот исто така дал неколку општи препораки на Унгарија за подобрување на заштитата на жените од домашно насилство, како што е воспоставување ефективен истражен, правен и судски процес, и зголемување на ресурсите за третман и поддршка.


77. Во случајот Fatma Yэldэrэm v. Austria (одлука од 1 октомври 2007), кој се однесувал на убиството на гга Yэldэrэm од страна на нејзиниот маж, CEDAW Комитетот бнашол дека државата-членка ја повредила својата обврска за должно внимание за заштита на Fatma Yэldэrэm. Оттука заклучил дека државата членка ги повредила своите обврски по членот 2 (а) и (в) до (ѓ), и членот 3 од CEDAW во врска со членот 1 од CEDAW и општата препорака 19 од Комитетот и поврзаните права на починатата Fatma Yэldэrэm на живот и физички и ментален интегритет.
78. Декларацијата за елиминација на насилството врз жените на Генералното собрание на ОН (1993), во членот 4(в), ги повикува државите да “практикуваат должно внимание за превенција, истрага и , согласно националното законодавство, казна за дејствата на насислтво против жените, независно дали тие дејствија се сторени од страна на државата или приватни лица“.
79. Во својот трет извештај од 20 јанари 2006, до Комисијата за човековип права на Економскиот и социјален совет на ОН, (E/CN.4/2006/61), посебниот известител за насилство врз жените изнел дека има правило во обичајното меѓународно право кое “ги обврзува државите да превенираат и да одговараат на дејствијата на насилство прови жените со должно внимание“.

2. Совет на Европа

80. Во својата препорака Rec(2002)5 од 30 април 2002 за заштитата на жените од насилство, Комитетот на министри при Советот на Европа навел, inter alia, дека државите членки треба да воведат, развијат и/или подобрат онаму каде тоа е потребно, национални политики против насиството, засновани на максимум безбедност и заштита на жртвите, поддршка и помош, прилагодување на кривичното и граѓанско право, подигнување на јавната свест, обуки за професионалци кои се соочуваат со насилство врз жените, и превенција.


81. Комитетот на министри препорачал, особено, дражвите членки да го казнуваат сериозното насилство врз жените какво што е сексуалното насилство и силувањето, злоупотребата на ранливоста на бремените, неспособните за одбрана, болните, оневозможените или зависни жртви, како и казнување на злоупотреба на положбата на сторителот. Препораката исто така наведува дека државите членки треба да осигураат дека сите жртви на насилство се во можност да поведат постапка, да направат одредби со кои ќе се осигура дека кривичните постапки треба да се иницираат од јавен обвинител, да ги охрабрат обвинителите да го сметаат насилството врз жените како отежителен или одлучувачки фактор при одлучувањето дали ќе гонат или не во име на јавниот интерес, да осигураат онаму каде е потребно дека се преземаат мерки за ефективна заштита на жртвите од закани и можни дејствија на одмазда, како и да преземат посебни мерки да осигураат дека правата на децата се заштитени за време на постапките. 82. Што се однесува до насилството во рамки на семејството, Комитетот на министри препорачува државите членки да ги класифицираат сите форми на насилство во рамките на семејството како кривични дела и да ја предвидат можноста за преземање мерки со цел, меѓу останатото, да овозможат судството да усвојува привремени мерки наменети за заштита на жртвите, да му забрануваат на сторителот контакт, комуникација или приближување на жртвата, или престој или влез во одредени области, да определат казни за повредите на сите мерки изречени кон сторителот и да воспостават обврзен протокол за операции од страна на полицијата, медицинските и социјалните служби.

3. Интер-американскиот систем

83. Во Velazquez-Rodriguez, Интер-американскиот суд нашол:

“Незаконско дејстие кое ги повредува човековите права и кое иницијално не може директно да се препише на државата (на пример, бидејќи е акт на приватно лице или бидејќи одговорното лице не може да се идентификува) може да доведе до меѓународна одговорност на државата, не заради актот во прашање, туку поради недостигот на должно внимание за превенција на повредата или одговор на истата така како што побарува Конвенцијата“. Velasquez-Rodriguez v. Honduras, пресуда од јули 29, 1988, Inter-Am. Ct. H.R. (ser. C) бр. 4, став. 172.

84. Правната основа за крајното определување на одговорноста на државата за приватните акти, леѓи во неуспехот на државата да ја спроведе должноста за осигурување на заштита на човековите права, според членот 1(1) од Американската конвенција за човекови права. Потпишано на Интер-Американската специјализирана Конференција за човекови права, Сан Хозе, Коста Рика, 22 ноември 1969. Член (1) попишува: “1. Државите членки на оваа Конвенција преземаат да ги почитуваат правата и слободите признаени во неа и да им обезбедат на сите лица под нивна надлежност слодобно и целосно практикување на овие права и слободи, без никаква дискриминација од причини на раса, боја на кожа, пол, јазик, религија, политики или друг услов. 2. За целите на оваа Конвенција, “лице“ значи “човечко суштество“ Праксата на Интер-американскиот суд го рефлектира овој принцип преку постојано утврдување дека државата е меѓународно одговорна за својот недостиг на должно внимание за превенција на повредите на човековите права,, истрага и казнување на сторителите,или обезбедување на соодветни надоместоци на нивните семејства. 85. Интер-американската конвенција за превенција, казнување и уништување на насилството врз жените од 1994 (Belйm do Parб Convention) Која беше усвоена од Организацијата на американските држави (OAS) и стапи на сила на 5 март 1995. ги одредува должностите на државите поврзани со уништувањето на родовото насилство. Ова е единствениот мултилатерален договор за човекови права кој се бави исклучиво со насилството врз жените.


86. Интер-американската комисија го усвоила пристапот на Интер-американскиот суд при определување на одговорноста на државите за дејствијата и пропустите на приватните лица. Во случајот Maria Da Penha v. Brazil, Случај 12.051, Извештај бр. 54/01, Inter-Am. C>H.R., Годишен извештај 2000, OEA/Ser.L/V.II.111 Doc.20 rev. (2000) Комисијата нашла дека пропустот на државата да посвети должно внимание на превенцијата и истрагата на пријава за семејно насислтво, повлекува утврдување на одговорност на државата според Американската конвенција и Конвенцијата Belйm do Parб. Дополнително, Бразил ги повредил правата на жалителот и пропуштил да ја изврши својата должност (меѓу останатото, според член 7 од Конвенцијата Belйm do Parб, со кој државите се обврзуваат да ги осудат сите форми на насилство против жените), како резултат на пропустот да дејствува и нејзината толеранција кон стореното насилство. Посебно, Комисијата нашла дека:

“... толеранцијата од државните органи не е ограничена на овој случај, напротив, тоа е модел. Превудот на оваа ситуација од страна на целиот систем само служи за одржувањето на психолошките, социјални и историски корени и фактори кои го одржуваат и охрабруваат насилството врз жените.

Со оглед на фактот дека насилството кое го претрпела Maria da Penha е дел од општиот модел на небрежност и недостиг на ефикасна акција од државата во гонење и осудување на насилниците, став на Комисијата е дека овој случај вклучува не само пропуст да се исполни обврската во поглед на гонењето и осудата, туку и на обврската да се превенираат овие понижувачки практики. Општата и дискриминаторска судска неефективност исто така креира клима која е во полза на семејното насилство, со оглед на тоа што општеството не гледа доказ за волјата на државата, како претставник на општеството, да преземе ефективна акција да ги санкционира таквите дејствија.” Maria da Penha v. Brazil, §§ 55 и 56.


4. Материјал од компаративното право

87. Во 11 држави членки на Советот на Европа, имено Albania, Austria, Bosnia and Herzegovina, Estonia, Greece, Italy, Poland, Portugal, San Marino, Spain и Switzerland, властите се обврзани да ја продолжат кривичната постапка и покрај одрекувањето од пријавата од страна на жртвата, во случаите на семејно насилство.



88. Во 27 држави членки, имено Andorra, Armenia, Azerbaijan, Belgium, Bulgaria, Cyprus, the Czech Republic, Denmark, England and Wales, Finland, the Former Yugoslav Republic of Macedonia, France, Georgia, Germany, Hungary, Ireland, Latvia, Luxembourg, Malta, Moldova, the Netherlands, the Russian Federation, Serbia, Slovakia, Sweden, Turkey и Ukraine, властите имаат дискрециона маргина во одлучувањето дали да ја продолжат кривичната постапка против сторителите на семејно насислтво. Значаен број на правните системи прави разлика меѓу кривични дела кое се гонат по приватна тужба ( за кои пријавата од жртвата е претпоставка) и такви кое се гонат по службена должност ( вообичаено за посериозни дела за кои се смета деа гонењето е во јавен интерес).
89. Од законодавството и практиката на горенаведените 27 земји се чини дека одлуката али да се продолжи тогаш кога жртвата ќе ја повлече пријавата, лежи во дискрецијата кај обвинителските власти, кои примарно го земаат во предвид јавниот интерес при продолжување на кривичните постапки. Во одредени јурисдикции, како Англија и Велс, при одлучувањето дали да се поведе кривична постапка против сторителите на семејно насилство, обвинителските власти ( Кралската обвинителска служба) мора да земе во предвид одредени фактори, вклучително: сериозноста на делото, дали повредите на жртвата се физички или психолошки, дали обвинетито користел оружје, дали обвинетиот упатил закани по нападот, дали обвинетиот го планирал нападот, ефектот ( вклулчително и психолошкио) на деца кои живеат во домажинството, шансите обвинетиот повторно да го стори делото, континуираната закана врз здравјето и безбедноста на жртвата или било кој друг кој бил , или може да биде инволвиран, постојната состојба на врската на жртвата со обвинетиот, ефектот на таа врска кој би го имало продолжувањето на постапката наспроти желбите на жртвата, историјатот на врската, особено дали имало одредено насислтво во минатото, кривичната историја на жртвата, особено било какво претходно насилство. Направена е директна референца на потребата за рамнотежа помеѓу правата од член 2 и член 8 на жртвата и на децата, при одлучувањето за потегот кој ќе се преземе.
90. Се чини дека Романија е единствената држава која го заснова продолжувањето на кривичната постапка, целосно и во сите околности, на желбите-пријавите на жртвата.

B. Извештаи за семејно насилство и ситуацијата на жените во Турција




1. Мислењето на Фондацијата за засолниште за жени пурпурен покрив (Mor Зatэ Kadэn Sэрэnaрэ Vakfэ) за имплементацијата на Законот бр. 4320, од 7 јули 2007

91Според овој извештај, законот бр. 4320 (види став 70 погоре) се уште не е целосно имплементиран. Во последните години има зголемување на “наредбите за заштита“ или привремените мерки издадени од семејните судови. Сепак, некои судови, како одговор на барањата до нив од страна на жени во смртна опасност, сеуште закажуваат расправа по два или три месеци. Под овие околности, судиите и обвинителите ја третираат пријавата според Законот бр. 4320 како да е форма на дејствие за развод, додека поентата на законот е преземање на итни дејствија во име наќените кои сакаат да ги заштитат сопствените животи. Кога ќе се издаде привремената мерка, жените се соочуваат во бројни проблеми при нејзината имплементација.


92. Во двете години пред издавање на извештајот, околу 900 жени се пријавиле во Mor Зatэ и напаравиле напор да го употребат Законот бр.. 4320, но од оваа бројка само 120 успеале.. Mor Зatэ идентификувале сериозни проблеми со имплементацијата на Законот бр. 4320. Особено, било забележано дека семејното насилство се уште се третира со толеранција во полициските станици, како и дека одредени полициски службеници се обидуваат да дејствуваат како арбитри, или ја заземаат страната на мажот, или сугерираат жената да ја повлече својата пријава. Ист така, има сериозни проблеми при доставата на времената мерка која ја издава судот согласно Законот бр. 4320 до мажот. Во случај кога одреден број на жени сакале да работат кај Mor Зatэ, привремените мерки не биле имплементирани затоа што нивните мажи биле полициски службеници или имале пријателски релации со службеници во полициската станица во прашање.
93. Дополнително, има неразумни одложувања во издавањето на привремените мерки од страна на судовите. Ова е резултат на односот на домашните судови кои ги третираат пријавите за семејно насилство кко форма на дејствие за развод. Се смета дека зад таквите одложувања лежат сомнежи дека жените можеби поднесуваат такви барања кога не претрпеле насислтво. Наводите дека жените го злоупотребуваат Законот бр. 4320 не се точни. Со оглед на тоа што економскиот товар е скоро 100% кај мажите, би било невозможно за жените да бараат имплементација на Законот бр. 4320 доколку не се соочени со смртна опасност. Конечно, привремените мерки се генерално тесно во својот обем или не се продолжуваат од страна на судовите.

2. Истражувачки извештај подготвен од Центарот за информации и импламентација на правата на жените на Адвокатската комора на Diyarbakэr (KA-MER) за имплементација на Законот бр.4320, од 25 ноември 2005

94. Според овој извештај, во Турција е развиена култура на насилство и насилството се толерира во многу области од животот. Истражување на правните дејсвија во судот на магистрати кој се занимава со граѓански прашања (sulh hukuk mahkemesi) и трите граѓански судови (asliye hukuk mahkemesi) во Diyarbakэr идентификувале 183 тужби поднесени според Законот бр. 4320 од датумот на кој законот стапил на сила во 1998 до септември 2005. Во 104 од овие случаи, судот наредил различни мерки, додека во преостанатите 79 тужби судот нашол дека нема основи за издавање наредба, или ги отфрлил тужбите, или одлучил дека нема надлежност.


95. И покрај важноста на проблемот со семејното насилство, многу мал број апликации биле направени под наведениот закон, бидејќи или јавноста генерално не била свесна за него, или нивото на доверба во безбедносните сили е многу мало во регионот. Најважните проблеми биле предизвикани од одложувањето во издавањето на времените мерки и пропустот на властите да ја мониторираат нивната имлпементација.
96. Дополнително, негативниот однос на полициските службеници кон жртвите на семејно насилство во полициските станици е една од пречките која ги спречува жените да го користат овој закон Жените кои одат во полициските станици бидејжи биле подложни на семејно насилство се соочени со однос кој се чини го смета проблемот за приватно семејно прашање во кое полицијата е неволна да се меша.
97. Овој извештај дава препораки за подобрување на имплементацијата на Законот бр. 4320 и зајакнување на заштитата на жртвите на семејно насилство.

3. Статиските на линијата за помош во итни случаи Diyarbakэr KA-MER за периодот помеѓу 1 август 1997 и 30 јуни 2007

98. Овој извештај со статистички информации беше подготвен по интервјуата остварени со 2,484 жени. Се чини дека сите жалителит биле подложени на психолошко насилство и околу 60% од нив биле подложени на физичко насилство. Најголемиот број од жртвите се од старосната група помеѓу 20-30 години (43%). 57% од овие жени се мажени. Мнозинството од жртвите се неписмени или на ниско ниво на образование. 78% од жените се со курдско потекло. 91% од жртвите кои се јавиле на итната линија за повици се од Diyarbakэr. 85% од жртвите немаат независен извор на приходи.

4. Извештај на Амнести Интернашенал од 2004 под наслов “ Турција: Жени кои се соочуваат со семејно насилство“

99. Според овој извештај, статистичките информации за обемот на насилството против жени во Турција се ограничени и непотврдени. Сепак, се чини дека културата на насилство ги става жените во двојно заложништво, како жртви на насилство, а и затоа што се лишени од ефективен пристап до правдата. Жените од ранливите групи, како они кои доаѓаат од семејства со ниски приходи или кои бегаат од конфликт или природни катастрофи, се особено во ризик. Во таа насока, било откриено дека кривичните дела против жените во југоисточна Турција во голем дел остануваат неказнети.


100. Било забележано дека бранителите на правата на жените се борат против односот на заедницата, кој е толерантен кон насилството врз жените, и кои често е споделуван од судии, постари владини претставници и лидери на јавното мислење во општеството. Дури и по законодавните реформи кои г отстранија правното овластување за дискриминациски третман, односите кои ги тераа жените да се прилагодат кон одредени норми на однесување ги органичуваа нивните животни избори.
101. Извештајот посочува дека на секое ниво во системот на кривична правда , органите не одговараат брзо или ригорозно на пријавите од жени за силувања, сексуални напади или друго семејно насислтво. Полицијата неволно превенира или истражува за семејното насислтво, вклучително и насилна смрт на жени. Обвинителите одбиваат да отворат истраги за случаи кои вклучуваат семејно насислтво или да наредат заштитни мерки за жени во ризик од своите семејства или заедницата. Полицијата и судовите не обезбедуваат дека мажите, кои добиваат судски наредби, вклучително и наредби за заштита, се однесуваат согласно со истите. Тие се согласуваат со неоправдана милост при казнувањето, на основи на “провоцирање“ од страна на жртвата, и врз основа на најлесни докази.
102. Постојат многу бариери со кои се соочуваат жените на кои им е потребен пристап до правдата и заштита од насилство. Полициските службеници често веруваат дека нивна должност е да ги охрабрат жените да се вратат дома и да “се помират“ , и пропуштаат да ги истражат пријавите на жените. Многу жени, особено во руралните области, не се во можност да вложат формални пријави, затоа што напуштањето на околината каде живеат ги подложува на силно испитување, критика, а во некои случаи и насилство.
103. Дополнително, иако некои судиови се чини дека започнале со имплементација на реформите, дискрецијата која судовите ја имаат продолжува со неоправдана благост кон сторителите на семејно насилство. Казните во такви случаи се се уште често намалувани по дискреција на судиите, кои продолжуваат да ја земаат во предвид “сериозната провокација“ за делото од обичај, традиција или чест.
104. Конечно , извештајот дава неколку препораки за турската влада, и кон заедницата и религиозните власти, со цел адресирање на проблемот со семејното насилство.

5. Истражувачки извештај за делата сторени од чест, подготвен од адвокатската асоцијација за правда на Diyarbakэr и Центарот за информации и имплементација на правата на жените

105. Овој извештај беше подготвен со цел да се погледнат судиските димензии на феноменот на т.н. “дела од чест“. Беше спроведено истражување на пресудите во случаи пред Diyarbakэr assize судот и судовите за деца. Целта на истражувањето беше да се идентификува обемот на таквите незаконски убиства кои се поднесуваат до судовите, односот на судството кон истите, ллиниите на одбрана на обвинетите во овие случаи, улогата на социјалната структура ( пр. семејните совети и обичаите) и причините за убиствата. Во таа насока, беа испитани случаи во Diyarbakэr assize судот и судовите за деца помеѓу 1999 и 2005. Во тие седум години, биле идентификувани 59 случаи во кои е донесена пресуда. Во овие случаи, 71 жртви/лица се убиени, а на 81 лице им се судело како на обвинети.


106. Според истражувачите, во случаите каде жртвата/ лицето било машко, се заклучило дека обвинетите тврделе, во своја одбрана, дека жртвата/лицето силувало, сексуално нападнало или грабнало роднина на обвинетиот, или се обидело да вовлече роднина на обвинетито во проституција. Во случаите во кои жртвата/лицето кое било убиено било жена, обвинетите во своја одбрана тврделе дека жртвата/лицето кое е убиено зборувала со други мажи, навлегла во проституција, или извршила прељуба. Во 46 од пресудите биле применети олеснителните одредби во врска со неоправдана провокација. Во случајот на 61 осуда биле применети одредбите од членот 59 на турскиот Кривичен закон кои се однесуваат на дискрециските олеснувања.

ПРАВО




I. ДОПУШТЕНОСТ

107. Владата ја оспорила допуштеноста на жалбата по два основи.

1. Пропуст за почитување на правилото за шест месеци согласно член 35 § 1 од Конвенцијата

108. Владата поднела дека жалителотго пропуштила временското ограничување од шест месеци во однос на настаните кои се случиле пред 2001. Тие тврделе дека настаните кои се случиле помеѓу 1995 и 2001 треба да се сметаат како надвор од рокот. Доколку жалителот не била задоволна со одлуктие на домашните органи по настаните кои се случиле во наведениот период, таа требала да ја поднесе својата жалба до Комисијата, или по стапувањето на сила на Протоколот бр. 11, до Судот во рокот од шест месеци по секоја одлука.


109. Жалителот тврдела дека таа ја поднела својата жалба во рокот од шест месеци од односните настани. По нејзино мислење, настаните треба да се земат во целост и не треба одделно да се испитуваат.
110. Судот повторува дека целта на правилото за шест месеци според членот 35 § 1 од Конвенцијата е да промовира правна сигурност и да обезбеди дека случаите кои покренуваат прашања според Конвенцијата се одлучуваат во разумен рок (види Kenar v. Turkey, бр. 67215/01 (одл.), 1 декември 2005). Според добро воспоставената судска пракса, онаму каде не е достапен домашен лек, периодот од шест месеци тече од датумот на обжалениот настан.
111. Во таа насока Судот забележува дека од 10 април 1995 , жалителот и нејзината мајка биле жртви на повеќе напади и закани од Н.О. против нивниот физички интегритет. Овие акти на насилство резултирале со смрт на мајката на жалителот и кај жалителот предизвикале интензивно страдање и болка Иако имало интервали помеѓу односните настани, Судот смета дека вкупното насилство во текот на долг период не може да се разгледува како посебни и одделни епизоди и оттука мора да се земе во предвид заедно како ланце од поврзани настани.
112. Бидејќи ова е така, Судот забележува дека жалителот ја поднела својата жалба во рок од шест месеци по убиството на нејзината мајка од страна на H.O., кој настан може да се смета како период во која таа станала свесна од неефективноста на лекот во домашното право, како резултат на пропустот на органите да го спречат Н.О. да стори натамошно насилство. Со оглед дека околностите не дале никаква индикација за одложување по вина на жалителот за вложување на нејзината жалба, тогаш кога станало јасно дека нема да има никаков надомест за нејзините жалби, Судот смета дека релевантниот датум за правилото од шест месеци не треба да се смета дека е датум порано од 13 март 2002 (види став 54 погоре). Во секој случај, поранешниот маж на жалителот продолжил да упатува закани против нејзиниот живот и добросостојба и оттука, не може да се каже дека шемата на насилство завршила (види ставови 59-69 погоре).
113. Во специфичниот контекст на случајот, следи дека жалбите на жалителот биле поднесени во рамките на рокот од шест месеци кој се бара согласно член 35 § 1 од Конвенцијата. Судот, оттука, го отфрла прелиминарниот приговор на Владата по овој основ.

2. Пропуст да се искористат домашните средства

114. Владата понатаму спорела дека жалителот пропуштила да ги искористи домашните средства со оглед на тоа дека таа и нејзионата мајка ги повлекле своите пријави многу пати и предизвикале прекин на кривичните постапки против жалителот. Тие останале на тоа дека жалителот исто така не ја искористила заштитата од Законот бр. 4320 како и дека таа го спречила јавниот обвинител да поднесе до семејниот суд, бидејќи ги повлекла пријавите. Тие понатаму поднеле дека жалителот можела да ги искористи средствата од административното и граѓанско право, чија ефективност била признаена од Судот во претходни случаи (цитирани Aytekin v. Turkey, 23 септември 1998, Извештаи за пресуди и одлуки 1998-VII). Конечно, потпирајќи се на пресудите на Судот во случаите Ahmet Sadэk v. Greece (15 ноември 1996, § 34, Извештаи 1996-V) и Cardot v. France (19 март 1991, § 30, Серија A бр. 200), Владата тврдела дека жалителот пропуштила да ја покрене, макар во суштина, жалбата за дискриминација пред националните органи и оттука тој навод треба да се прогласи за недопуштен.


115. Жалителот тврдела дека ги искористила сите достапни средства во домашното право. Таа спорела дека домашните средства се покажале неефикасни со оглед на пропустот на органите да го заштита животот на нејзината мајка и да го спречат нејзиниот маж во нечовечкото постапување со неа и со нејзината мајка. Што се однесува до потпирањето на Владата врз Законот бр. 4320, во смисла на тоа дека таа не ги искористила средствата од истиот, жалителот забележала дека односниот закон стапил на сила на 14 јануари 1998, додека значителен дел од настаните во прашање се случиле пред тој датум. Пред стапувањето во сила на Законот бр. 4320, не постоел механизам за заштита против семејното насилство. Во секој случај, и покрај бројните кривични пријави кон канцеларијата на јавниот обвинител, ниту една од заштитните мерки од Законот бр. 4320 не била преземена за заштита на животот и добросостојбата на жалителот и нејзината мајка.
116. Судот забележува дека главното прашање во врска со прашањето за исцрпеност на домашните средства е дали жалителите пропуштиле да ги искористат достапните средства во домашното право, особено оние според Законот бр. 4320, како и дали домашните органи морале да поведат кривична постапка против мажот на жалителот, и покрај повлекувањето на пријавите од страна на жртвите. Овие прашања се неразделно поврзани со прашањето за ефективноста на домашните средства во обезбедување на доволна заштита за жалителто и нејзината мајка против семејно насилство. Соодветно, Судот ги спојува овие прашања во основаноста и ќе ги испита според членовите 2,3 и 14 од Конвенцијата (види ,помеѓу останатите, Єemsi Цnen v. Turkey, бр. 22876/93, § 77, 14 мај 2002).
117. Со оглед на горенаведеното, Судот забележува дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла на членот 35 § 3 од Конвецијата. Понатаму забележува дека таа не е недопуштена по ниту еден друг основ. Оттука, мора да се прогласи за допуштена.

II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 2 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

118. Жалителот се жалела дека власите пропуштиле да го заштита животот на нејзината мајка, која била убиена од страна на нејзиниот маж, а со повреда на членот 2 од Конвенцијата, кој пропишува:

“1. Правото на живот на секој ќе биде заштитено со закон. Никој нема да биде лишен од својот живот со намера, освен при извршување на казна на судо по осуда за дело за кое оваа казна е пропишана со закон...“


A. Поднесоци на страните




1. Жалителот

119. Жалителот на почетокот навела дека семејното насилство се толерира од властите и од општеството идека сторители на семејно насилство уживаат имунитет. Во таа насока, таа посочила дека, и покрај бројните нивни кривични пријави до канцеларијата на главниот јавен обвинител на Diyarbakэr , ниту една од заштитните мерки од Законот бр. 4320 не била преземена за да се заштити животот и добросостојбата , нејзина и на нејзината мајка. Напротив, во повеќе наврати, властите се обиделе да ги убедат жалителот и нејзината мајка да ги напуштат пријавите против H.O. Домашните органи останале целосно пасивни во светло на заканите со смрт упатени од Н.О. и ги оставиле жалителот и нејзината мајка на милост на нивниот агресор.


120. Жалителот посочила дека со барање од 27 февруари 2002, нејзината мајка се пријавила до канцеларијата на главниот јавен обвинител и ги информирала властите за заканите со смрт упатени од Н.О. Сепак, јавниот обвинител не сторил ништо да го заштити животот на починатата. По мислење на жалителот, фактот дека властите не ја земале за сериозна пријавата на мајката претставува јасна индикација дека семејното насилство се толерира од општеството и националните власти.
121. Жалителот исто така тврдела дека, иако Н.О. била осуден за убиство, казната која му била изречена не била спречувачка и била значително помала од нормална казна изречена за убиство. Изрекувањето на блага казна резултира од фактот дека, во својата одбрана пред Assize судот, обвинетиот тврдел дека ја убил нејзината мајка со цел да ја заштити својата чест. Општа практика на кривичните судови во Турција е да ги олеснуваат казните во случаи на “дела од чест“. Во случаи на “дела од чест“ на сторителите на такви дела судовите изрекуваат многу благи казни или воопшто не ги изрекуваат.

2. Владата

122. Владата потенцирала дека локалните власти обезбедиле брза и конкретна реакција на пријавите поднесени од жалителот и нејзината мајка. Во таа насока, а по поднесувањето на пријавите, властите ги регистрирале пријавите, спровеле медицински прегледи, сослушале сведоци, спровеле испитување на местото на настаните и ги препратиле пријавите до надлежните правни власти. Кога е потребно, и зависно од тежината на настанот, агресорот останува во притвор и е осуден од страна на кривичните судови. Овие постапки се спроведуваат во најкус можен рок. Властите покажуваат должно внимание и се чувствителни на пријавите, и не била покажана никаква небрежност.


123. Сепак, со повлекувањето на своите пријави, жалителот и нејзината мајка ги спречиле властите во продолжување на кривичната постапка против Н.О. и оттука придонеле кон имунитетот кој агресорот го ужива. Во таа насока, не произлегува од списите на предметот дека жалителот и нејзината мајка ги повлекле пријавие како резултат на било каков притисок нанесен од страна на Н.О. или јавниот обвинител надлежен за истрагата. Поведувањето на кривичната постапка против агресорот зависела од пријавата поднесена или поведена од страна на жалителот, бидејќи кривичните дела во прашање не резултирале со болест или неспособност за работа од десет дена или повеќе, во смисла на членовите 456 § 4, 457 и 460 од Кривичниот законик. Дополнително, во повеќето случаи кривичните судови не го осудиле Н.О. бидејќи доказите против него биле недоволни. Соодветно, не можело да се очекува од властите да ги одделат жалителот и нејзиниот маж и да го осудат мажот додека се уште живееле како семејство, со оглед на тоа дека тоа би ги повредило нивните права според членот 8 од Конвенцијата.
124. Што се однесува до барањето поднесено од мајката на жалителот на 27 февруари 2002, Владата тврдела дека содржината на тоа барање не била различна од претходните и била од општа природа. Немало конкретен факт или посебна индикација дека нејзиниот живот бил навистина во опасност. Во барањето мајката пропуштила да побара било каква заштита, туку само побарала брзо испитување на нејзината жалба и казнување на мажот на жалителот. Сепак, по доставата на барањето од 27 февруари 2002, властите го регистрирале и одржале расправа на 27 мај 2002, кое било следено од други расправи. Конечно,по убиството на мајката на жалителот од Н.О., тој бил осуден и добил тешка казна.

3. Interights

125. Повикувајќи се на меѓународната пракса, Interights поднеле дека онаму каде националните власти пропуштаат да реагираат со должно внимание за да превенираат насиство врз жените, вклучително насилство од приватни лица, или да истражат, гонат и казнат такво насилство, државата мора да биде одговорна за таквите акти. Јus cogens природата на правото на слобода од тортура и правото на живот бараат внимание за пример од страна на државата, во поглед на истрагата и гонењето на овие акти.


126. Во контекст на семејното насилство, жртвите биле често заплашувани или им биле упатувани закани да не го пријавуваат делото или да ги повлекуваат пријавите. Сепак, договорноста да обезбедат одговарање и заштита од имунитет лежат во државата, не во жртвата. Меѓународната пракса признава дека широк опсег на заинтересирани лица, не само жртвата, треба да бидат во можност да пријават и иницираат истрага за семејно насилство. Понатаму, меѓународната пракса се повеќе сугерира дека онаму каде има доволно докази и каде се смета дека е во јавен интерес, гонењето на стрителите на семејно насилство треба да продолжи дури и кога ќртвата ја повлекла својата пријава. Овој развој индицира тренд од барањето на учество на жртвата кон одговорност за ефективно гонење исклучиво од државата.
127. Додека одлуката да не се гони во одреден случај не би била нужно повреда на обврската за должно внимание, такви би биле законот или праксата која автоматски ја парализира истрагата за семејно насилство или гонење онаму каде жртвата ја повлекува својата пријава. Во однос на таквите обврски и со повкување на Fatma Yэldэrэm v. Austria одлуката на CEDAW Комитетот (цитиран во делот за релевантен меѓународен материјал), било поднесено дека државата треба не само да осигура соодветна законска рамка, туку и практика на ефективна имплементација и извршување.

B. Оцена на Судот




1. Наводен пропуст да се заштити животот на мајката на жалителот


a) Релевантни принципи

128. Судот повторува дека првата речениа од член 2 став 1 ја обврзува државата не само да се воздржи од намерното и незаконско одземање на животи, туку исто и да преземе соодветни чекори да ги заштити животите на оние кои се под нејзина надлежност (види L.C.B. v. the United Kingdom, 9 јуни 1998, § 36, Извештаи 1998-III). Ова вклучува примарна должност на државата да го обезбеди правото на живот со создавање ефективни одредби во кривичното право за да го обесхрабри сторувањето на дела против лица, поткрепено од машинерија за спроведување на законот за превенција, сузбивање и казнување на повредата на тие одредби. Тоа во соодветни околнсти се протега на позитивна обврска на властите да преземат превентивни оперативни мерки за заштита на лицата чиј живот е во ризик од кривичните дела на друго лице (види Osman v. the United Kingdom, 28 октомври 1998, § 115, Извештаи 1998-VIII, цитирано во Kontrovб v. Slovakia, бр. 7510/04, §49, ECHR 2007-... (извадоци)).


129. Со оглед на тешкотиите во поставување на политики во модерните општеста, непредвидливоста на човековото однесување и оперативните избори кои мора да се прават во поглед на приоритетите и ресурсите, обемот на позитивната обврска мора да се толкува на начина кој не наметнува невозможни и диспропорционални товари за властите. Не секој ризик по живот кој се тврди, оттука, може на властите да им го наметне барањето на Конвенцијата за оперативни мерки за превенирање од материјализација на тој ризик. За да постои позитивна обврска, мора да се востанови дека властите знаеле или требале да знаат во времето на постоењето , за реален и моментен ризик за животот на идентификувано лице, од кривичните актие на трето лице, како и дека тие пропуштиле да преземат мерки во рамките на својата мож за која, судејќи разумно, може да се очекува дека можела да го избегне тој ризик. Друго релевантно размислување е потребата за осигурување дека полицијата ги практикува своие можи за контрола и превенција на криминалот на начин кој целосно ги почитува законските права и другите гаранции кои легитимно ставаат ограничувања на обемот на нивните дејствија за истражување на криминалот и водење на сторителите пред правдата, вклучително и гаранциите содржани во членовите 5 и 8 од Конвенцијата (види Osman, цитиран погоре § 116).
130. По мислење на Судот, онаму каде има навод дека властите ги повредиле своите позитивни обврски за заштита на живот во контекст од нивната гореспомената должност да превенираат и спречат дела против лица, мора задоволително да се востанови дека властите знаеле или требале да знаат во времето на постоењето, за реален и моментен ризик по животот на идентификувано лице од кривичните акти на трето лице, како и дека пропуштиле да преземат мерки во рамките на своите можи од кои, разумно судејќи, можело да се очекува дека ќе го избегнат тој ризик. Дополнително, земајќи ја во предвид природата на правото заштитено со членот 2, право кое е фундаментално во шемата на Конвенцијата, доволно е за жалителот да покаже дека властите не сториле се што разумно можело да се очекува од нив за да одбегнат реален и моментен ризик по живот, за кој тие имале или требале да имаат сознанија. Ова е прашање кое може да биде одговорено само во светло на сите околности во одреден случај (Ibid.).

b) Примена на горните принципи во односниот случај


i) Опсег на случајот

131. Врз основа на горното становиште, Судот ќе определи дали националните власти ги исполниле своите позитивни обврски за преземање на превентивни оперативни мерки за заштита на правото на живот на мајката на жалителот. Во таа насока, мора да се определи дали властите знаеле или требале да знаат во времето на постоењето, за реален и моментен ризик по животот на мајката на ќалителот од кривични акти од H.O. Како што се чини од поднесоците на страните, клучно прашање во односниот случај е дали локалните власти покажале должно внимание за превенција на насилството против жалителот и нејзината мајка, особено преку преземање кривични или други соодветни превентивни мерки против H.O., и покрај повлекувањето на пријавите од жртвите.


132. Сепак, пред навлегување во овие прашања, Судот мора да го потенцира дека прашањето на семејно насилство, кое може да заземе различни форми, од физичко до психолошко насилство или вербална злоупотреба, не може да биде одделно од околностите на односниот случај. Тоа е општ проблем кој ги засега сите држави членки и кој не секогаш излегува на површина, бидејќи често има место во личните врски или затворени кругови, и не се само жените оние кои се засегнати. Судот препознава дека и мажите можат исто така да бидат жртви на семејно насилство, и , се разбира, и децата исто така се жртви на овој феномент, независно дали директно или индиректно. Следствено, Судот ќе ја има во предвид сериозноста на проблемот во прашање кога ќе го испитува постојниот случај.

ii) Дали локалните власти можеле да предвидат смртен напад од H.O.

133. Осврнувајќи се на околностите на случајот, Судот забележува дека жалителот и нејзиниот маж, Н.О., имале проблематична врска од самиот почеток. Како резултат на несогласувањата, Н.О. посегнал по насилство против жалителот, и нејзината мајка оттука се вмешала во врската со цел да ја заштити својата жерка. Таа затоа станала цел за Н.О. , кој ја обвинувал дека е причина за проблемите (види став 28 погоре). Во таа насока, Судот смета дека е важно да се нагласат одредени настани во реакцијата на властите:


(i) На 10 април 1995 H.O. и A.O. ги претепале жалителот и нејзината мајка, нанесувајќи им тешки физички повреди, и заканувајќи им се дека же ги убијат. Иако жалителот и нејзината мајка првично поднеле кривична пријава за овој настан, кривичната постапка против H.O. и A.O. била прекината бидејќи жртвите ги повлекле своите пријави (види ставови 9-11 погоре);
(ii) На 11 април 1996 H.O. повторно ја претепал жалителот, нанесувајќи и повреди закануваќки по живот. Н.О. останал во притвор и започчнала кривична постапка против него за тешка телесна повреда. Сепак, по ослободувањето на Н.О. ,жалителот ја повлекла пријавата и обвиненијата против Н.О. биле напуштени (види ставови 13-19 погоре);
(iii) На 5 февруари 1998 H.O. го нападнал жалителот и нејзината мајка со употреба на нож. Сите тројца биле сериозно повредени и јавниот обвинител одлучил никого да не гони на основа на тоа дека немало доволно докази (види ставови 20 и 21 погоре);
(iv) На 4 март 1998 H.O. удрил со својот автомобил во жалителот и во нејзината мајка. Двете жртви претрпеле сериозни повреди, и медицинскиот извештај укажал дека жалителот не била способна за работа за седум дена, како и дека повредите на мајката биле заканувачки по живот. По овој инцидент, жртвите побарале од канцеларијата на јавниот обвинител да преземат заштитни мерки во однос на заканите со смрт упатени од H.O., и жалителот повела постапка за развод. Полициската истрага за наводите на жртвите за смртни зкаани заклучила дека двете страни се заканувале една на друга и дека мајката на жалителот дала такви наводи со цел да ја раздели својата ќерка од H.O. со цел одмазда, како и дека “го трошела“ времето на безбедносните сили. Против Н.О. била поведена кривична постапка за упатување смртни закани и обид за убиство, но по неговот пуштање од притвор ( види став 31 погоре), жалителот и нејзината мајка повторно ги повлекле своите пријави. Овојпат, иако обвинителските власти ги повлекле обвиненијата против Н.О. за упатување смртни закани и удирање на жалителот, Diyarbakэr Assize судот го осудил за предизвикување повреди на мајката и го казнил со три месеци затвор, која казна подоцна била претворена во парична (види ставови 23-36 погоре);
(v) На 29 октомври 2001 H.O. ја забодел жалителот седум пати по посетата на нејзината мајка. Тој се предал во полиција тврдејќи дека ја нападнал својата жена во текот на кавга предизвикана до мешањето на неговата тешта во нивниот брак. По земањето на изјава од H.O., полициските службеници го ослободиле. Сепак, мајката на жалителот го пријавила до канцеларијата на главниот јавен обвинител, барајќи притвор за H.O., и со тврдење дека таа и нејзината ќерка морале во минатото да ги повлекуваат пријавите заради смртните закани и притисокот од H.O. Како резултат, H.O. бил осуден за напад со нож и казнет со парична казна (види ставови 37-44 погоре);
(vi) На 14 ноември 2001 H.O. се заканил на жалителот, но обвинителските власти не поднеле пријави заради недостиг од конкретни докази (види ставови 45 и 46 погоре);
(vii) На 19 ноември 2001 мајката на жалителот поднела барање до канцеларијата на локалниот јавен обвинител, жалејќи се на континуираните смртни закани и возменирување од H.O., кој носел оружје. Полицијата повторно земала изјава од H.O. и го ослободила, но јавниот обвинител поднел обвинение против него за упатување смртни закани (види ставови 47-49).
(viii) Подоцна, на 27 февруари 2002, мајката на жалителот пријавила до канцеларијата на јавниот обвинител, информирајќи го дека заканите на H.O. се инензивирале и дека нивните животи биле во непосредна опасност. Оттука, таа побарала од полицијата да преземе дејства против H.O. Полицијата земала изјава од H.O. и судот на магистратите го испрашал за наводите, но по убиството на мајката на жалителот. H.O. ги одрекол наводите и тврдел дека не сакал неговата жена да ја посетува својата мајка, која живеела неморален живот (види ставови 51-52 погоре).
134. Во светло на горните настани, се чини дека имало ескалација на насилство против жалителот и нејзината мајка од страна на H.O. Делата сторени од H.O. биле доволно сериозни да побаруваат сериозни мерки и имало континуирана зака по здравјето и безбедноста на жртвите. При испитување на историјата на врската, очигледно е дека сторителот имал евиденција на семејно насилство и оттука имало значителен ризик од понатамошно насилство.
135. Дополнително, ситуацијата на жртвите исто така им била позната на властите и мајката поднела барање до канцеларијата на главниот јавен обвинител во Diyarbakэr, изјавувајќи дека нејзиниот живот бил во непосредна опасност и барајќи полицијата да преземе дејствија против Н.О. Сепак, реакцијата на властите на барањето на мајката нажалителот се ограничила на земање изјави од H.O. за наводите на мајката. Околу две недели по тоа барање, на 11 март 2002, тој ја убил мајката на жалителот ( види став 54).
136. Во врска со горенаведеното, Судот наоѓа дека локалните власти можеле да предвидат смртен напад од H.O. Додека Судот не може со сигурност да заклучи дека работите поинаку би се одвивале, и дека убиството не би се случило доколку властите поинаку реагирале, потсетува дека пропустот да се преземат разумни мерки кои би имале вистинска шанса за промена на исходот или ублажување на штетата е доволно да се засегне одговорноста на државата (види E. and Others v. the United Kingdom, бр. 33218/96, § 99). Оттука, Судот следно ќе испита до кој степен властите презеле мерки за превенција за убиството на мајката на жалителот

iii) Дали властите покажале должно внимание да го спречат убиството на мајката на жалителот

137. Владата тврдела дека секој пат кога обвинителските влассти започнувале кривична постапка против H.O., морале да ги прекинуваат тие постапки, согласно домашното право, затоа што жалителот и нејзината мајка ги повлекувале своите жалби. По нивно мислење, секое понатамошно мешање од властите би довело до повреда на правата од членот 8 на жртвите. Жалителот објаснила дека таа и нејзината мајка морале да ги повлекуваат жалбите поради смртните закани и притисокот наметнат од H.O.


138. Судот на почетокот забележува дека се чини дека нема општ консензус помеѓу државите-членки по однос на поведувањето на кривични постапки против сторители на домашно насилство кога жртвата ја повлекува својата пријава (види ставови 87 и 88 погоре). Сепак, се чини дека има уважување на должноста на страна на властите да воспостават рамнотежа помеѓу правата од членовите 2,3 и 8 на жртвите при одлучување на преземање дејствие. Во таа насока, а по испитување на практиките во државите членки (види став 89 погоре) , Судот забележува дека има одредени фактори кои можат да се земат во предвид при одлучувањето да се спроведе гонење:
- сериозноста на делото;
- дали повредите на жртвата се физички или психолошки;
- дали обвинетиот користел оружје;
- дали обвинетиот упатил закани по нападот;
- дали обвинетито го планирал нападот;
- ефектот ,вклучително и психолошкиот, на било кое дете во домаќинството; шансите за повторно сторување од страна на обвинетиот;
- континуираниот напад на здравјето и безбедноста на жртвата или секој друг кој бил или можел да биде инволвиран;
- постојната состојба на врската на жртвата со обвинетиот; ефектот на продолжувањето на гонењето врз таа врска, a против желбите на жртвата;
- историја на врската, посебно доколку имало насилство во минатото;
- и кривичната историја на обвинетиот, посебно било какво претходно насилство.
139. Од оваа пракса може да се заклучи дека колку посериозно е делото или колку е поголем ризикот за идни дела, толку повеќе гонењето треба да продолжи во јавен интерес, дури и ако жртвите ги повлечат своите пријави.
140. Што се однесува до аргументот на Владата дека секој обид од властите да ги одделат жалителот и нејзиниот маж би бил повреда на нивното право на семеен живот, и имајќи во предвид дека според турското право нема барање за поведување гонење онаму каде жртвите ги повлекуваат своите пријави и немале повреди кои би ги прогласиле за неспособни за работа за десет или повеќе денови, Судот сега ќе испита дали локалните власти направиле соодветна рамнотежа помеѓу правата од ќленот 2 и од членот 8 на жртвата.
141. Во таа насокА, Судот забележува дека H.O. прибегнал кон насилство од самиот почеток на неговата жртва со жалителот. Во повеќе инстанци и жалителто и нејзината мајка страдале од физички повреди и биле подложени на психолошки притисок, со оглед на болката и стравот. За некои напади H.O. користел смртоносни оружја, како нож или пиштол, и постојано упатувал смртни закани против жалителот и нејзината мајка. Со оглед на околностите на убиството на мајката на жалителот, треба да се наведе и дека H.O. го планирал нападот бидејќи носел нож и се шетал околу куќата на жртвата пред нападот (види ставови 47 и 54 погоре).
142. Мајката на жалителот станал цел како резултат на нејзиното наводно мешање во врската на парот, додека нивните деца исто така може да се сметаат за жртви на сметка на психолошките ефекти на постојаното насилство во семејниот дом. Како што е наведено погоре, во односниот случај, понатамошното насилство не само што било можно, туку и предвидливо, со огледн на насилното однесување и криминалното досие на H.O., неговите постојани закани по здравјето и безбедноста на жртвите и историјата на насилството во врската (види ставови 10, 13, 23, 37, 45, 47 и 51 погоре).
143. По мислење на Судот, се чини дека локалните власти не ги зеле задоволително во предвид овие фактори при повторуваното одлучување за прекин на кривичните постапки против H.O. Наместо тоа, се чини дека исклучиво ја вреднувале потребата да се воздржат од вмешување во она што тие го гледале како “семејно прашање“ (види став 123 погоре). Дополнително, нема индикација дека властите ги зеле во предвид мотивите зад повлекувањето на пријавите. Ова и покрај индикацијата од мајката на жалителот до јавниот обвинител на Diyarbakэr дека таа и нејзината ќерка ги повлекувале пријавите заради смртните закани и притисокот кон нив од H.O. (види став 39 погоре). Зачудувачки е и дека жртвите ги повлекувале своите пријави кога H.O. бил пуштан на слобода или по неговото пуштање од притвор (види ставови 9-12, 17-19, 31 и 35 погоре).
144. Што се однесува до аргументот на Владата дека секое понатамошно вмешување од националните власти би довело до повреда на правата на жртвите од членот 8 од Конвенцијата, Судот потсетува на својата одлука во сличен случај на семејно насилство (види Bevacqua and S. v. Bulgaria, бр. 71127/01, § 83, 12 јуни 2008), каде одлучил дека ставот на властите дека не треба помош во спор кој се однесува на “приватно прашање“ не е во согласност со нивната позитивна обврска да го обезбедат уживањето на правата на жалителите. Дополнително, Судот повторува дека, во некои случаи, вмешувањето во приватниот или семеен живот на лицата може да биде и нужно со цел да се заштитат здравјето и безбедноста на другите или да се спречи сторување на кривични дела (види, K.A. and A.D. v. Belgium,бр. 42758/98 и 45558/99, § 81, 17 февруари 2005). Сериозноста на ризикот за мајката на жалителот во односниот случај ја направило таквата интервенција од властите потребна.
145. Сепак, Судот жали што мора да забележи дека кривичните истраги во постојниот случај биле строго зависни од поднесување на пријавите на жалителот и нејзината мајка согласно одредбите на домашното право на сила во релевантниот период; членовите 456 § 4, 457 и 460 од сега неважечкиот Кривичен закон, кои ги спречиле обвинителските власти да спроведат кривична истрага бидејќи кривичните дела во прашање не резултирале со болест или неспособност за работа за десет дена или повеќе (види став 70 погоре). Смета дека примената на горните одредби и кумулативно, пропустот на домашните власти да поведат кривична постапка против жалителот ја лишиле мајката на жалителот од заштита на нејзиниот живот и безбедност. Со други зборови, законодавната рамка тогаш на сила, особено барањето за минимумот од десет ден неспособност за работа, не ги задоволува барањата инхерентни на позитивните обврски на државата за создавање и ефективна примена на систем кој ги казнува сите форми на семејно насилство и обезбедува доволна заштита за жртвите. Судот оттука смета дека,имајќи ги на ум сериозноста на делата сторени од H.O. во минатото, обвинителските власти би требало да се во можност да ја спроведат постапката како прашање од јавен интерес, независно од повлекувањето на пријавите од жртвите (види во оваа насока Препорака Rec(2002)5 на Комитетот на министри, §§ 80-82 погоре).
146. Настрана од законодавната рамка која превенира од ефективна заштита на жртвите на семејно насилство, Судот исто така мора да земе во предвид дали локалните власти покажале должно внимание за заштита на правото на живот на мајката на жалителот во другите аспекти.
147. Во таа насока, Судот забележува дека и покрај поплаката на починатата дека H.O. ја вознемирувал, ја нарушувал нејзината приватност со шетање околу нејзиниот имот и носење ножеви и пиштоли ( види став 47 погоре), полицијата и обвинителските власти пропуштиле или да го стават Н.О. во притвор или да преземат друго соодветно дејстве по однос на наводите дека тој имал пиштол и упатил насилни закани кон неа (види Kontrovб, цитирана погоре, § 53). Додека Владата спорела дека немало конкретен доказ дека животот на мајката на жалителот бил во непосредна опасност, Судот забележува дека всушност не е очигледно дека властите ја оцениле заканата од страна на H.O. и заклучува дека неговиот притвор бил диспропорционален чекор во околностите; наместо тоа властите пропуштиле воопшто да го адресираат прашањето. Во секој случај, Судот ќе подвлече дека во случаите на семејно насилство правата на сторителите не можат да ги надминат правата на жртвите на живот и физички и ментален интегритет (види Fatma Yэldэrэm v. Austria and A.T. v. Hungary одлуки на CEDAW Комитетот, двете цитирани погоре, §§ 12.1.5 и 9.3, соодветно).
148. Дополнително, во светло на позитивната обврска на државата да преземе превентивни оперативни мерки за заштита на лицето чиј живот е во ризик, може да се очекува дека властите, соочени со осомничен за кој е познато дека има кривично досие на сторување насилни напади, би презеле посебни мерки согласно со тежината на ситуацијата, со цел да ја заштитат мајката на жалителот. Во таа смисла, локалниот јавен обвинител во судот на магистрати можел да нареди, на своја иницијатива, една или повеќе од заштитните мерки наброени според членовите 1 и 2 од Законот бр. 4320 (види став 70 погоре). Тие исто така можеле да издадат привремена мерка со ефект за забрана за H.O. да контактира, комуницира или да пристапи на мајката на жалителот или да влезе во дефинирани области (види во таа насока Препорака Rec(2002)5 на Комитетот на министри, § 82 погоре). Напротив, во одговор на повторените барања за заштита од мајката на жалителот, полицијата и судот на магистратите само земале изјави од H.O. и го ослободиле (види ставови 47-52 погоре). Додека властите останале пасивни за две недели освен земањето изјави, H.O. ја убил мајката на жалителот.
149. Во овие околности, Судот заклучил дека националните власти не може да се смета дека обрнале должно внимание. Оттука, тие не успеале во својата позитивна обврска да го заштитат животот на мајката на жалителот во смисла на членот 2 од Конвенцијата.

2) Ефективноста на кривичната истрага за убиството на мајката на жалителот

150. Судот повторува дека позитивните обврски поместени во првата речениа од членот 2 на Конвенцијата исто така имплицитно бараат поставување на ефикасен и независен судски систем кој може да ги утврди причините за убиство и да ги казни виновниците (види, mutatis mutandis, Calvelli and Ciglio v. Italy, [GC], бр. 32967/96, ECHR 2002, § 51). Суштинската цел на таквата истрага е да се обезбеди ефективната имплементација на домашното право кое го заштитува правото на живот, а во оние случаи кои вклучуваат државни агенти или тела, да осигура одговорност за смрт која се случила под нивна надлежност (see Paul and Audrey Edwards, цитирана погоре, §§ 69 и 71). Барањето за брзина и разумно спроведување е имплицитно во контекст на ефективна истрага во смисла на членот 2 од Конвенцијата (види Yaєa v. Turkey, 2 септември 1998, §§ 102-104, Извештаи 1998-VI; Зakэcэ v. Turkey [GC], no. 23657/94, §§ 80-87 и 106, ECHR 1999-IV). Мора да се прифати дека може да има пречки или потешкотии кои го спрелчуваат напредокот во истрагата во одредена ситуација. Сепак, брз одговор од властите во истражувањето на употребата на смртоносна сила може генерално да се смета дека е суштинско за задржување на јавната доверба во нивната посветеност на владеењето на правото и во спречувањето на секоја појава на толеранција на незаконски акти (види Avєar v. Turkey, бр. 25657/94, § 395, ECHR 2001-VII (извадоци)).


151. Судот забележува дека навистина била спроведена сеопфатна истрага од властите за околностите во врска со убиството на мајката на жалителот. Сепак, иако H.O. бил суден и осуден за убиство и незаконско поседување на оружје од страна на Diyarbakэr Assize судот, постапките се уште траат пред Касациониот суд (види ставови 57 и 58 погоре). Следствено, кривичните постапки во прашање, кои веќе траеле повеќе од шест години, не можат да бидат опишани како брз одговор од властите во истражувањето за убиство со умисла, онаму каде сторителот веќе го признал убиството.

3) Заклучок

152. Во светло на наведеното, Судот смета дека горенаведените пропусти го прават искористувањето на кривичните и на граѓанските лекови подеднакво неефективно во овие околности. Следствено, го отфрла прелиминарниот приговор на Владата (види став 114 погоре) заснован на неискористување на овие средства.


153. Дополнително, Судот заклучува дека системот на кривично право, така како што бил применет во односниот случај, немал соодветен одвраќачки ефект, способене да обезбеди ефективна заштита од незаконските дејствија сторени од H.O. Пречките кои биле резултат на законодавството и пропустот да се употребат средствата на располагање го намалиле одвраќачкиот ефект на судскиот систем кој постоел, како и улогата која тој треба да ја има во превенирање од повредата на правото на живот на мајката на жалителот согласно членот 2 од Конвенцијата. Судот во оваа насока повторува дека, кога еднаш ситуацијата им била укажана, националните власти не можеле да се потпрат на односот на жртвата за својот неуспех да преземат соодветни мерки, кои би можеле да ја спречат веројатноста агресорот да ги спроведе своите закани против физичкиот интегритет на жртвата (види Osman v. the United Kingdom, цитиран погоре, § 116). Оттука, има повреда на членот 2 од Конвенцијата.

III. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

154. Жалителот се жалела дека била предмет на насилство, повреда и смртни закани неколку пати, но дека властите биле небрежни кон нејзината стуација, што предизвикало болка и страв кај неа, а во спротивност со членот 3 од Конвенцијата, кој пропишува:

“Никој нема да биде изложен на тортура или на нечовечки или понижувачки третман или казна“.


A. Поднесоци на страните

155. Жалителот навела дека повредите и болката кои ги претрпела како резултат на насилството извршено врз неа од страна на нејзиниот маж, се подведува под тортура во смисла на членот 3 од Конвенцијата. И покрај постојаното насилство и нејзините повторени барања за помош, сепак, властите не успеале да ја заштитат од нејзиниот маж. Се чинело како насилството да се извршува под државна контрола. Нечувствителноста и толеранцијата која властите ја покажале кон семејното насилство направило да се чувствува понижено, безнадежно и ранливо.


156. Владата спорела дека повлекувањето на пријавите од жалителот и нејзиниот пропуст да соработува со властите ги спречило обвинителските власти од поведување на кривична постапка против нејзиниот маж. Тие понатаму тврделе дека, освен достапните лекови според Законот бр. 4320, жалителот можела да побара засолниште во една од гостинските куќи поставени за заштита на жените, а во соработка со јавните институции и невладини организации. Во таа насока, жалителот можела да побара прием во една од тие куќи од Директоратот за социјални служби и Агенцијата за заштита на деца. Адресите на овие куќи биле тајни и под заштита на властите.
157. Interights останале при тоа дека од државите се бара да преземат разумни чекори за веднаш да дејствуваат за да прекине лошото постапување, било од јавни било од приватни сторители, за кои знаеле или требале да знаат. Со оглед на матната природа на семејното насилство и особената ранливост на жените, кои честопати се премногу уплашени за пријават такво насилство, се поднесува дека од државата се побарува зголемен степен на будност.

B. Оцена на Судот




1. Применливи принципи

158. Судот повторува дека лошото постапување мора да има минимум ниво на сериозност за да потпадне под опсегот на членот 3. Оцената на овој минимум е релативна: зависи од сите околности на случајот, како што се природата и контекстот на третманот, неговата должина, физичките и ментални ефекти, и во некои случаи, полот, возраста и степенот на здравје на жртвата (види Costello-Roberts v. the United Kingdom, 25 март 1993, § 30, серија A бр. 247-C).


159. Што се однесува до прашањето дали државата може да се смета за одговорна, според членот 3, за лошиот третман врз лица од страна на сторители кои не доаѓаат од државата, Судот потсетува дека обврската на високите договорни страни според членот 1 од Конвенцијата, на сите во нивна надлежност да им ги обезбедат правата и слободите дефинирани во Конвенцијата, а земена заедно со членот 3, бара од државите да преземат мерки создадени да обезбедат дека лицата под нивна надлежност не се подлоќени на тортура или нечовечки и понижувачки третман или казнување, вклучително и лош третман нанесен од приватни лица (види, mutatis mutandis, H.L.R. v. France, 29 април 1997, § 40, извештаи 1997-III). Децата и другите ранливи лица, особено, имаат право на државна заштита, во форма на ефективно одвраќање, против такви сериозни повреди на личниот интегритет (види A. v. the United Kingdom, 23 септември 1998, § 22, извештаи 1998-VI).

2. Примена на горните принципи во наведениот случај

160. Судот смета дека жалителот може да се смета дека потпаѓа во групата на “ ранливи лица“ кои имаат право на државна заштита (види, A. v. the United Kingdom, цитирана погоре, § 22). Во таа насока, го забележува насилството претрпено од жалителот во минатото, заканите упатени од H.O. по неговото пуштање од затвор, како и нејзината општествена положба, имено ранливата ситуација на жените во југоисточна Турција.


161. Судот исто забележува дека насилството претрпено од жалителот, во форма на физички повреди и психолошки притисок, се доволно сериозни да се сметаат за лошо постапување во смисла на членот 3 од Конвенцијата.
162. Оттука, следно Судот треба да утврди дали националните власти ги презеле сите одговорни мерки за превенција на повторното појавување на насилни напади против физичкиот интегритет на жалителот.
163. Во извршување на своето испитување, и имајќи на ум дека Судот пружа конечна авторитетна интерпретација на права и слободите дефинирани во оддел 1 од Конвенцијата, Судот ќе разгледа дали националните органи доволно ги зеле во предвид принципите кои произлегуваат од други пресуди на слични основи, дури и кога тие се однесуваат на други држави.
164. Дополнително, во толкувањето на одредбите од Конвенцијата и опсегот на обврските на државите во одредени случаи (види, mutatis mutandis, Demir and Baykara v. Turkey [GC], бр. 34503/97, §§ 85 и 86, 12 ноември 2008) Судот ќе побара и консензус и заеднички вредности кои произлегуваат од практиките на европските држави и специјализираните меѓународни инструменти, како CEDAW, а исто така ќе внимава и на еволуцијата на нормите и принципите на меѓународното право преку друг развој како што е Конвенцијата Belйm do Parб , која посебно ги поместува должностите на државите во врска со уништувањето на родовото насилство.
165. Сепак, улогата на Судот не е да ги замени националните органи и наместо нив да одбира од шриокиот ранг на можни мерки кои можат да се преземат за да обезбедат усогласеност со нивните позитивни обврски според членот 3 на Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Bevacqua and S. v. Bulgaria, цитиран погоре, § 82). Дополнително, според член 19 од Конвенцијата и согласно принципот дека Конвенцијата има намера да гарантира рактични и ефективни, а не теоретски и лузорни права, Судот треба да се осигура дека обврската на државата за заштита на правата на оние под нејзина надлежност е соодветно исполнета (види Nikolova and Velichkova v. Bulgaria, бр. 7888/03, § 61, 20 декември 2007).
166. При испитување на фактите, Судот забележува дека локалните власти, имено полицијата и јавните обвинители, не останале целосно пасивни. По секој инцидент кој вкллучувал насислтво, жалителот била носена на медицински преглед и биле поведувани кривични постапки против мажот. Полицијата и обвинителските власти го испитувале H.O. во врска со неговите кривични дејствија, го ставиле во притвор во два наврати, го обвинител за упатување смртни закани и нанесување телесни повреди и , по неговата осуда за избодување седум пати на жалителот, го казниле да плати парична казна (види ставови 13, 24 и 44 погоре).
167. Сепак, ниту една од овие мерки не била доволна да го спречи H.O. од понатамошно насилство. Во оваа насока , Владата ја обвинува жалителот за повлекувањето на нејзините пријави и пропуштање да соработува со властите, што нив ги спречило да ја продолжат кривичната постапка против H.O., согласно одредбите на домашното право кои бараат активна вмештаност на жртвата (види став 70 погоре).
168. Судот го повторува своето мислење во однос на жалбите според членот 2, имено дека законската рамка треба да им овозможи на обвинителските власти да ја спроведат кривичната истрага против H.O. и покрај повлекувањето на пријавите од жалителот на основа на тоа дека насилството сторено од H.O. било доволно сериозно да бара гонење, како и дека постои постојана закана за физичкиот интегритет на жалителот (види ставови 137-148 погоре).
169. Сепак, не може да се каже дека локалните власти покажале должно внимание за спречување на појавата на насилните напади против жалителот, бидејќи мажот на жалителот истите ги сторил непречено и на штета на правата признаени од Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Maria da Penha v. Brazil, цитирана погоре, §§ 42-44). Со пример, Судот посочува дека по првиот поголем инцидент (види ставови 9 и 10) , H.O. повторно серизно ја претепал жалителот и и нанел повреди кои биле доволни да и го загрозат животот, но бил ослободен за време на судењето “ со оглед на природата на повредата и фактот дека жалителот била целоосно здрава“. Постапката крајно била прекината затоа што жалителот ја повлекла својата пријава (види ставови 13 и 19 погоре). Повторно, иако H.O. ги нападнал жалителот и нејзината мајка со употреба на нож и им нанел тешки повреди,обвинителските власти ги прекинале постапките без спроведување на никаква значајна истрага (види ставови 20 и 21 погоре). Слично, H.O. удрил со својот автомобил во жалителот и нејзината мајка, овојпат предизвикувајќи повреди на жалителот, и животнозагрозувачки повреи на мајката. Тој поминал само 25 дена во затвор и добил парична казна за нанесување сериозни повреди на мајката (види ставови 23-36 погоре). Конечно, Судот беше особено запрепастен од одлуката на Diyarbakэr судот на магистрати да изрече мала казна, која можела да биде платена на рати, како казна за H.O. што ја избодел жалителот седум пати (види ставови 37 и 44).
170. Во светло на наведеното, Судот смета дека одговорот на однесувањето на поранешниот маж на жалителот било очигледно несоодветно на сериозноста на делата во прашање (види, mutatis mutandis, Ali and Ayєe Duran v. Turkey, бр. 42942/02, § 54, 8 април 2008). Оттука смета дека судските одлуки во случајот откриваат недостиг на ефикасност и одреден степен на толеранција, и немаат забележителен превентивен или одвраќачки ефект на однесувањето на H.O.
171. Што се однесува до наводот на Владата дека, дополнително на достаплните средства според Законот бр. 4320, жалителот можела да пбоара засолниште во една гостинските куќи отворени за заштита на жените, Судот забележува дека до 14 јануари 1998 – датумот на кој Законот бр. 4320 стапил на сила – турското право не обезбедило посебни административни или мерки на политика создадени за заштита на ранливите лица против семејното насилство. Дури и по тој датум, не се чини дека домашните власти ефективно ги примениле мерките и санкциите пропишани со законот со цел заштита на жалителот од нејзиниот маж. Земајќи го во предвид вкупниот обем на насилство сторено од Н.О., канцеларијата на обвинителот трбала по службена должност да ги примени мерките содржани во Законот бр. 4320, без да очекува да се поднесе барање од жалителот за имплементација на законот.
172. По ова, дури и да се претпостави дека жалителот била примена во една од гостинските куќи, како што се сугерира од Владата, Судот забележува дека тоа би било само привремено решение. Дополнително, не било посочено дали има некаков официјален аранжман кој обезбедува безбедност на жртвите кои престојуваат во тие куќи.
173. Конечно ,Судот забележува со сериозна загриженост дека насиството од кое жалителот пострадала не завршило и дека властите продолжиле да манифестираат неактивност. Во таа насока, Судот посочува дека, веднаш по неговото пуштање од затвор, H.O. повторно упатил закани кон физичкиот интегритет на жалителот (види став 59 погоре). И покрај барањето на жалителот од 15 април 2008 со кое побарала од обвинителските власти да преземат мерки за нејзина заштита, ништо не бил осторено се додека Судот не побарал од Владата да даде информации за мерките кои биле преземани од властите. По ова барање, по инструкции од Министерството за правда, јавниот обвинител на Diyarbakэr го испитал H.O. за смртните закани упатени од него и земал изјави од моментното момче на жалителот (види ставови 60-67 погоре).
174. Законскиот застапник на жалителот повторно го информирал Судот дека животот на жалителот е во непосредна опасност, со оглед на постојаното пропуштање на властите да преземат задоволителни мерки за заштита на нејзиниот клиент (види став 68 погоре). Се чини дека по праќањето на оваа жалба и по барањето на Судот за објаснување во оваа смисла, властите презеле посебни мерки за осигурување на заштитата на жалителот (види став 69 погоре).
175. Со оглед на вкупната неефикасност на средствата сугерирани од Владата во однос на жалбите по членот 3, Судот го отфрла приговорот на Владата за неисцрпување на домашните средства. 176. Судот заклучува дека им повреда на членот 3 на Конвенцијата како резултат на пропустот на државните власти да преземат заштитни мерки во форма на ефективно одвражање против сериозните повреди на личниот интегритет на жалителот од страна на нејзиниот маж.

IV. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 14, ЗЕМЕН ЗАЕДНО СО ЧЛЕНОВИТЕ 2 И 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

177. Жалителот се жалела по членот 14, во врска со членовите 2 и 3 од Конвенцијата, дека таа и нејзината мајка биле дискриминирани на база на нивниот пол.


Членот 14 од Конвенцијата пропишува:

“Уживањето на правата и слободите од Конвенцијата ќе биде обезбедено без дискриминација на ниту еден основ како што се пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, сопственост, раѓање или друг статус.“


A. Поднесоци на страните




1. Жалителот

178. Жалителот навела дека домашното право на одговорната држава било дискриминаторско и недоволно за заштита на жените, со оглед на тоа што животот на жената се третирал како инфериорен во однос на семејното единство. Поранешниот Граѓански законик, кој бил на сила во релевантниот период, содржел бројни одредби кои правеле разлика меѓу мажот и жената, како тоа дека мажот е глава на семејството, неговите желби имаат предност како претставник на семејното единство итн. Tогашниот Кривичен закон исто така ги третирал жените како граѓани од втор ред. Жената била гледана првично како сопственост на општеството и на мажот во рамките на семејството. Најзначајниот индикатор за ова се сексуалните напади, кои биле вклучени во одделот под наслов “Дела поврзани со општиот морал и семејниот ред“ , додека всушност сексуалните напади против жените се директн инапади врз личните права и слободи на жената. Поради оваа перцепција Кривичниот закон наметнува полесни казни на лицата кои ги убиле своите жени од причина семејна чест. Фактот дека H.O. добил казна од 15 години е последица на оваа класификација во Кривичниот законик.


179. Покрај реформите спроведени од Владата во областите на Граѓанскиот законик и на Кривичниот закон во 2002 и 2004 соодветно, семејното насилство нанесено од мажи се уште се толерира и на агресорите им се дава имунитет од страна на судските и административните тела. Жалителот и нејината мајка биле жртви на повреда на членовите 2,3,, 6 и 13 само поради фактот дека биле жени. Во таа насока, жалителот го привлекол вниманитето на Судот за неверојатноста маж да биде жртва на слилчни повреди.

2. Владата

180. Владата изјавила дека нема родова дискриминација во односниот случај, бидејќи насилството во прашање било взаемно. Дополнително, не може да се тврди дека имало институционализирана дискриминација како резултат на кривичните или семејните закони или од судската или административната практика. Ниту пак може да се тврди дека домашното право содржи некаква формална или изречна дистинкција помеѓу мажите и жените. Не било докажано дека домашните власти не го заштитиле животот на жалителот затоа што била жена.


181. Владата понатаму забележила дека по реформите спроведени во 2002 и 2004, имено ревизија на одредени одредби на Граѓанскиот законик и усвојување на нов Кривичен законик, како и стапувањето на сила на Законот бр. 4320, турското правообезбедило соодветни гаранции, достигнувајќи ги меѓународните стандарди, за заштита на жените од семејно насилство. Владата заклучила дека оваа жалба треба да се прогласи за недопуштена заради пропуст да се исцрпат домашните средства или заради очигледна неоснованост, бидејќи овие наводи никогаш не биле ставени на внимание на домашните власти, а во секој случај, биле лишени од содржина.

3. Interights

182. Interights поднеле дека пропустот на државата да заштити од семејното насилство е еднакво на пропуст да обезбеди еднаква заштита под законот заносвнао на полот. Тие понатаму забележиле дека има зголемена меѓународна признаеност – и во рамките на Обединетите Нации и во Интер-американските системи- дека насилството врз жените е форма на незаконска дискриминација.

B. Оцена на Судот




1. Релевантни принципи

183. Во својата неодамнешна одлука во случајот D.H. and Others v. Czech Republic ([GC], бр. 57325/00, 13 ноември 2007, §§ 175-180) за прашањето на дискриминацијата Судот ги постави следните принципи:

“175. Судот утврди во својата пракса дека дискриминиацијата значи различен третман, без објетивно и разумно оправдување, на лица кое се во релативно слични ситуации (Willis v. the United Kingdom, бр. 36042/97, § 48, ECHR 2002-IV; и Okpisz v. Germany, бр. 59140/00, § 33, 25 октомври 2005). ... Исто така прифати дека општа политика или мерка која има диспропорционално штетни ефекти на одредена група може да се смета за дискриминаторска независно од тоа што не била наменета специфично за таа група (види Hugh Jordan v. the United Kingdom, бр. 24746/94, § 154, 4 мај 2001; и Hoogendijk v. the Netherlands (одл.), бр. 58461/00, 6 јануари 2005), како и дека дискриминацијата потенцијално спротивна на Конвенцијата може да резултира со de facto ситуација (види Zarb Adami v. Malta, бр. 17209/02, § 76, ECHR 2006-...)....

177. Што се однесува до товарот на докажување во оваа сфера, Судот утврдил дека еднаш кога жалителот ќе покаже разлика во третманот, на Владата е да покаже дека тој бил оправдан (види, помеѓу останатите, Chassagnou and Others v. France [GC], бр. 25088/94, 28331/95 и 28443/95, §§ 91-92, ECHR 1999-III; and Timishev, цитиран погоре, § 57).

178.. Што се однесува до прашањето што претставува prima facie доказ, способен да го префрли товарот на докажување на одговорната држава, Судот посочил во Nachova and Others (цитирана погоре, § 147) дека во постапките пред него не постојат процесни пречки за допуштеност на доказите или предодредена формула за нивна оцена. Судот ги усвојува своите заклучоци кое се, по негово мислење, поткрепени со слободна оцена на сите докази, вклучително и такви сугерирања кои можат да произлезат од фактите и од поднесоците на страните. Според воспоставената пракса, доказот може да следи од взаемното постоее на доволно цврсти, јасни и согласни претпоставки или слични неоспорени претпоставки или факти. Дополнително, новото на убедување кое е потребно за донесување на одреден заклучок и, во оваа насока, распоредувањето на товарот на докажување, е неизбежно поврзано со специфичноста на фактите, природата на направените наводи и правото од Конвенцијата кое е засегнато.

179.. Судот исто така признава дека постапките на Конвенцијата не доведуваат во сите случаи до строга примена на принципот affirmanti incumbit probatio (тој кој наведува нешто мора да го докаже тој навод – Aktaє v. Turkey (извадоци), бр. 24351/94, § 272, ECHR 2003-V). Во одредени околности, каде настаните во прашање се целосно или во најголемиот дел ексклузивно сознание на државата, товарот на докажување да обезбедат задоволително и убедливо објаснување може да се смета дека е кај властите (види Salman v. Turkey [GC], бр. 21986/93, § 100, ECHR 2000-VII; и Anguelova v. Bulgaria, no. 38361/97, § 111, ECHR 2002-IV). Во случајот Nachova and Others, цитиран погоре, § 157), Судот не исклучил побарување од одговорната Влада да оспори основан навод за дискриминација во одредени случаи, иако сметал дека тоа во конкретниот случај би било тешко да се изведе, бидејќи во него наводот биле дека делото на насилство е мотивирано од расна предрасуда. Забележал во таа насока дека во правните системи на многу земји доказот за дискриминаторскиот ефект на одредена политика, одлука или практика ќе се дистрибуира со потребата да се докаже намера во однос на наводната дискриминација во вработувањето или во обезбедувањето на услуги.

180. Околу тоа дали статистиките може да се сметаат за доказ, Судот во минатото изјавил дека статистиките не можат само по себе да откријат практика која може да се класифицира како дискриминаторска (Hugh Jordan, цитиран погоре, § 154). Сепак, во поновите случаи по прашањето на дискриминацијата во кое жалителите навеле разлика во ефектот на општата мерка или de facto ситуацијата (Hoogendijk, цитиран погоре; и Zarb Adami, цитиран погоре, §§ 77-78), Судот се потпрел исклучиво на статистика обезбедена од страните а за да утврди разлика во третманот помеѓу двете групи (мажи и жени) во слични ситуации.

Оттука, во одлуката Hoogendijk Судот навел: “ Онаму каде жалителот е во можност да покаже, врз основа на неспорна официјална статистика, постоење на prima facie индикација дека специфично правило – иако формулирано на нетрален начин – всушност ефектуира очигледно поголем процент на жени од мажи, на одговорната Влада е да покаже дека ова е резултат на објективни фактори неповрзано со било каква дискриминација на основа на полот. Доколку товарот на покажување дека разликата во влијанието за мажите и жените во пракса не е дискриминаторска , не се префрли на одговорната Влада, во пракса би било екстремно тешко за жалителите да ја докажат индиректната дискриминација.”


2. Примена на горните принципи на фактите на односниот случај


a. Значењето на дискриминацијата во контекст на семејното насилство

184. Судот забележува на почетокот дека кога ги зема во предвид целта на одредбите на Конвенцијата, исто така го зема во предвид и меѓународно-правниот контекст на правното прашање пред себе. Со тоа што се создадени од сет на правила и принципи кои се сега прифатени од големото мнозинство на држави, заедничките меѓународни и домашни стандарди на европските држави рефлектираат една реалност која Судот не може да ја занемари кога е повикан да го појасни опсегот на одредбите на Конвенцијата, кој не можел да биде поставен со поконвенционалните средства за интерпретација со доволен степен на сигурност (види Saadi v. Italy [GC], бр. 37201/06, § 63, ECHR 2008-..., цитирана во Demir and Baykara, цитирана погоре, § 76).


185. Во оваа насока, кога се разгледува дефиницијата и обемот на дискриминацијата против жените, заедно со поопштото значење на дискриминацијата така како што е определена во неговата пракса (види став 183 погоре), Судот треба да ги има во предвид одредбите на поспецијализираните правни инструмент и одлуките на меѓународните правни тела, по прашањето на насилството врз жените.
186. Во тој контекст, CEDAW ја дефинира дискриминацијата врз ќените според членот 1 како “... било која дистинкција, исклучување или ограничување кое има како ефект или цел оштетување или поништување на признавањето, уживањето или практикувањето начовековите права и основни слободи на жените, независно од нивниот браќен статус, на основа на еднаквоста помеѓу мажите и жените, а во политичкото, економско, социјално, културно, граѓанско или било кое друго поле. “
187. CEDAW Комитетот повторил дека насилството врз жените, вклучително семејното насилство, е форма на дискриминација врз жените (види став 74 погоре).
188. Комисијата за човекови права при ОН изречно ја признава врската меѓу родовото насилство и дискриминацијата преку потенцирањето во резолуцијата 2003/45 дека “сите форми на насилство врз жените се јавуваат во контест на de jure и de facto дискриминацијата на жените во општеството и се влошени со пречките со кои жените често се соочуваат кога бараат лек од државата.“
189. Дополнително, Belйm do Parб Конвенцијата, која досега е единствениот регионален мултилатерален договор за човекови права кој се бави исклучиво со насилството врз жените, го опишува правото на секоја жена да биде слободна од насилство како придружно, меѓу другите, на правото да се биде слободен од сите форми на дискриминација.
190. Конечно, Интер-американската комисија исто така го карактеризира насилството над жените како форма на дискриминација, со оглед на пропустот на државата да покаже должно внимание за спречување и истрага на пријавите за семејно насилство (види Maria da Penha v. Brazil, цитирана погоре, § 80).
191. Од горенаведените правила и одлуки произлегува дека пропустот на државата да ги заштити жените од семејно насилство го повредува нивното право за еднаква заштита според законот како и дека овој пропуст не мора да биде намерен.

b. Пристапот кон семејното насилство во Турција

192. Судот забележува дека иако турското право тогаш на сила не направило експлицитна дистинкција помеѓу мажите и жените во уживањето на нивните права и слободи, треба да се усогласи со меѓународните стандарди во однос на статусот на жените во едно демократско и плуралистичко општество. Како и CEDAW Комитетот (види ги заклучните коментари во §§ 12-21), Судот ги поздравува реформите спроведени од Владата, особено усвојувањето на Законот бр. 4320, кој пропишува посебни мерки за заштита од семејно насилство. Оттука се чини дека наводната дискриминација во прашање не е заснована на законодавството само по себе, туку всушност е резултат на општиот пристап на локалните власти, како начинот на кој жените се третирани во полициските станици кога пријавуваат семејно насилство, како и судската пасивност во обезбедување ефективна заштита на жртвите. Судот забележува дека турската влда веќе ги признала овие потешкотии во практика кога се дискутираа овие прашања пред CEDAW Комитетот (Ibid).


193. Во таа насок,а Судот забележува дека жалителот обезбедил извештаи и статистика подготвена од две водечки невладини организации, Адвокатската асоцијација на Diyarbakэr и Амнести Интернешнал, со цел да се демонстира дискриминацијата врз жените (види ставови 91-104 погоре). Имајќи на ум дека наоѓањата и заклучоците до кои е дојдено во овој извештај не биле оспорени од Владата во било која фаза од постапката, Судот ќе ги земе во предвид заедно со сопствените наоѓања во односниот случај (види Hoogendijk, цитиран погоре; и Zarb Adami, цитиран погоре, §§ 77-78).
194. По испитувањето на овие извештаи, Судот наоѓа дека највисокиот број на жртвите на семејно насилство за кои е известено се од Diyarbakэr, каде во релевантниот период живеела жалителот, како и дека сите жртви биле жени кои преживеале главно физиќко насилство. Големото мнозинство на овие жени е од курдско потекло, неписмени или со ниско ниво на образовани и генерално без независен изовр на приходи (види став 98 погоре).
195. Дополнително, се чини дека има сериозен проблем со имплементацијата на Законот бр. 4320, на кој Владата се потпрела какоедно од средствата за жените кои се соочуваат со семејно насилство. Истражувањето кое било спроведено од горенаведените организации посочува дека кога жртвите известуваат за семејно насилство во полициски станици, полициските службениви не ги истражуваат нивните пријави, туку ја преземаат улогата на медијатор преку убедувањето да се вратат дома и да ги повлечат пријавите. Во оваа насока, полициските службеници сметаат дека проблемот е “семејно прашање во кое тие не можат да се мешаат“ (види ставови 92,96 и 102 погоре).
196. Исто така, од овие извештаи произлегува дека има неразумни одложувања во издавањето на привремени мерки од судовите, според Законот бр. 4320, затоа што судовите ги третираат како форма на постапка за развод а не како итно дејствие. Одложувањата се исто така чести кога се работи за доставата на привремените мерки на сторителите, со оглед на негативниот однос на полициските службеници (види ставови 91-93, 95 и 101 погоре). Дополнително, сторителите на семејно насилство се чини дека не добиваат одвраќачки казни, затоа што судовите им ги ублажуваат казните на основа на обичај, традиција или чест (види ставови 103 и 106 погоре).
197. Како резултат на овие проблеми, горните извештаи сугерираат дека семејното насилство се толерира од властите и дека средствата посочени од Владата не функционираат ефективно. Слични наоди и грижи биле изразени од CEDAW Комитетот кога забележал “постојаност на насилството врз жените, вклучително семејното насилство , во Турција“ и ја повикал одговорната држава да ги интензивира напорите за заштита и борбра против насилството врз жените. Понатаму се нагласила потребата за целосна имплементација и внимателен мониторинг на ефективноста на Законот за заштита на семејството, како и на поврзаните политики со цел спречување на насилство, да обезбеди услуги на заштита и поддршка на жртвите, и да ги казни и рехабилитира (види заклучни коментари, § 28).
198. Во светло на горенаведеното, Судот смета дека жалителот бил во можност да покаже, поддржано со неоспорени статистички информации, постоење на prima facie индикација дека семејното насилство главно ги засега жените како и дека општата и дискриминаторска судска пасивност во Турција создава клима која е во полза на семејното насилство.

c. Дали жалителот и нејзината мајка биле дискриминирани на сметка на пропустот на жалителите да обезбедат еднаква заштита под законот

199. Судот утврдил дека системот на кривичното право, така како што функционирал во односниот случај, немал соодветен одвраќачки ефект способен да обезбеди ефективна превенција од незаконските акти на H.O. против личниот интегритет на жалителот и нејзината мајка и оттука ги повредил нивните права според членовите 2 и 3 од Конвенцијата.


200. Имајќи го на умот своето становиште од погоре дека општата и дискриминаторска судска пасивност во Турција, иако ненамерна, главно ги погодува жените, Судот смета дека насилството претрпено од жалителот и нејзината мајка може да се смета како родово насилство кое е една форма на дискриминација против жените. И покрај преземение владини реформи во последните години, вкупната неодговорност на судскиот систем и имунитетот кој агресорите го уживаат, како што било покажано и во постојниот случај, индицираат дека немало доволна посветеност за преземање на соодветни акции за адресирање на семејното насилство (види, особено оддел 9 од CEDAW, цитиран во став 187 погоре).
201. Земајќи ја во предвид неефективноста на домашните лекови во обезбедување на еднаква заштита на жалителот и нејзината мајка во уживањето на нивните права гарантирани со членовите 2 и 3 од Конвенцијата, Судот смета дека постојат посебни околности кои ја ослободиле жалителот од нејзината обврска да ги исцрпи домашните средства. Оттука, го отфрла приговорот за неисцрпување на Владата по однос на жалбата според членот 14 од Конвенцијата.
202. Во поглед на горенаведеното, Судот заклучува дека во односниот случај има повреда на членот 14, во врска со членовите 2 и3 од Конвенцијата.

V. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОВИТЕ 6 И 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

203. Потпирајќи се на членовите 6 и 13 од Конвенцијата, жалителот се жалел дека кривичните постапки поведени против H.O. биле неефикасни и не пружиле доволна заштита за неа и нејзината мајка.


204. Владата го оспорила тој аргумент.
205. Со оглед на утврдените повреди од членовите 2,3 и 14 од Конвенцијата (види ставови 153, 176 и 202 погоре) Судот не наоѓа за потребно да ги испиа истите факти и во контекст на членовите 6 и 13.

VI. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

206. Член 41 од Конвенцијата пропишува:

“Доколку Судот најде дека имало повреда на Конвенцијата или на нејзините Протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата висока договорна страна дозволува само делумни надоместоци, Судот, доколку е потребно, ќе додели правичен надомест на повредената страна.“


A. Штета

207. Жалителот барала 70,000 турски лири (TRL) (околу 35,000 евра (EUR)) за материјална штета како резултат на смртта на нејзината мајка и TRL 250,000 (околу EUR 125,000) за нематеријална штета. Таа објаснила дека по убиството на нејзината мајка таа била лишена од економска поддршка од неа. Убиството на нејзината мајка и постојаното насилство од нејзиниот поранешен маж и предизвикале стрес и болка, како и ненадоместива штета на нејзината прихолошка добросостојба и самодоверба.


208. Владата поднела дека бараните суми не се оправдани во околностите на случајот. Тие алтернативно, тврделе дека било каква награда која би се доделила по овој основ не треба да доведе до неосновано збогатување.
209. Што се однесува до барањето на жалителот за материјална штета, Судот забележува дека, додека жалителот покажала дека во повеќе наврати таа побарала засолниште во домот на мајката, не било докажано дека таа на било кој начин била финансиски зависна од неа. Сепак, ова не исклучува надомест по однос на материјална штета за жалителот, која докажала дека близок член на нејзиното семејство претрпел повреда на Конвенцијата (види Aksoy v. Turkey, 18 декември 1996, § 113, извештаи 1996-VI, каде што материјалното барање од жалителот пред неговата смрт, а по однос на изгубени добивки и медицински трошоци, а кое произлегувало од притворот и тортурата , биле земени во предвид од страна на Судот при доделување надомест на таткото на жалителот, кој продолжил со жалбата). Сепак, во постојниот случај барањето за материјална штета се однесува на наводни загуби зголемени по смртта на мајката на жалителот. Судот не е убеден дека мајката на жалителот имала одредени загуби пред нејзината смрт. Оттука, Судот не смета дека во околностите е соодветно да се додели надомест на жалителот по основ на материјална штета.
210. Од друга страна, што се однесува на нематеријалната штета, Судот забележува дека жалителот несомнено претрпела болка и стрес заради убиството на својата мајка, како и дека властите не успеале да преземат доволни мерки да го спречат семејното насилство на нејзиниот маж и да му додела одвраќачка казна. Одлучувајќи на еднаква основа, Судот и доделува на жалителот 30 000 евра на основ на штетата која ја претрпела како резултат на повредите на членовите 2,3, и 14 од Конвенцијата.

B. Трошоци

211. Жалителот исто така побарала 15,500 (околу EUR 7,750) за направените трошоци пред Судот. Тие вклучувале трошоци за подготовката на случајот (38 часа правничка работа) и присуство на расправата пред Судот во Стразбур, како и други трошоци, како телефон, факс, превод и сместување.


212. Владата поднела дека во отсуство на документи во поддршка, барањето на жалителот по овој основ треба да се одбие.
213. Според праксата на Судот, жалителот има право на надомест на трошоците само доколку се покаже дека тие биле навистина и нужно претрпени и биле разумни по обем. Во односниот случај, со оглед на информациите со кои располага и горните критериуми, Судот смета дека е разумно да се доели сумата од 6500 евра за трошоци за постапката пред Судот, за помалку од 1494 добиени по пат на правна помош од Советот на Европа.

C. Дифолт камата

214. Судот смета дека е соодветно дифолт каматата да се заснова на маргиналната стапка за заем на Европската централна банка, на која треба да се додадат три процентни поени.

ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ , СУДОТ ЕДНОГЛАСНО

Го отфрла прелиминарниот приговор на Владата во врска со наводниот пропуст за правилото од шест месеци;



2. Ги спојува to the merits of the complaints under Articles 2, 3 and 14 of the Convention the Government’s preliminary objections on non-exhaustion of domestic remedies and dismisses them;

3. Ја прогласува жалбата за допуштена;

4. Смета дека има повреда на членот 2 од Конвенцијата во врска со смртта на мајката на жалителот;

5. Смета дека има повреда на членот 3 од Конвенцијата во врска со неуспехот на жалителите да ја заштита жалителот од емејно насислтво сторено од нејзиниот поранешен маж;

6. Смета дека нема потреба да се испитаат жалбите според членовите 6 и 13 од Конвенцијата;

7. Смета дека има повреда на членот 14 читан заедно со членовите 2 и 3 од Конвенцијата;

8. Смета
(a) дека одговорната држава треба да и плати на жалителот, во рок од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане конечна согласно член 44 § 2 од Конвенцијата, следните суми кои треба да се променат во турски лири по стапка применлива на денот на исплатата:
(i) вкупна сума од EUR 30,000 (триесет илјади евра), плус било кој данок кој би можел да се наплати, на основ на нематеријална штета;
(ii) EUR 6,500 (шест илјади и петстотини евра), намалени за EUR 1,494 добиени по пат на правна помош од Советот на Европа, плус било кој данок кој би можел да се наплати на жалителите, за трошоци;
(b) од истекот на горенаведените три месеци до исплатата ќе се плаќа затезна камата на горните суми, по стапка еднаква на маргиналната стпка за заем на Европската централна банка за време на дефолт периодот, плус три процентни поени.

9. Го отфрла остатокот од барањето за правичен надомест на жалителот.

Изготвено на англиски и доставено на писмено на 9 јуни 2009, согласно правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.

Santiago Quesada Josep Casadevall регистар претседател