Search
Правна поделба
По датум
Правна поделба
По датум
Правна поделба
По датум
Правна поделба
По датум
Правна поделба
По датум
Судска пракса на Европскиот суд за човекови права во врска со РМ
Судска пракса на Европскиот суд за човекови права против други држави
Дизајнирано од
Дома
>
Одлуки на АС Штип - По датум
>
Определување на издршка за малолетните деца при развод на брак
Определување на издршка за малолетните деца при развод на брак
Наслов
Определување на издршка за малолетните деца при развод на брак
Вид на документ
Одлука
Број
ГЖ-1870-10
Правна област
Граѓанска област
Датум на донесување
1/17/11, 5:16 AM
Група на правен основ
Семејни односи
Правен основ
Издржување на деца
Суд од кој произлегува
Апелационен суд Штип
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО ШТИП во совет составен од судиите : Љубе Николов - претседател, Васил Стефанов и Зоранчо Мицевски - членови, со записничар Тодорка Пешчерова, во правната работа на тужителот «Ѓ. К.» од «Д.» против тужениот «М. К.» «Д.», за «Развод на брак», одлучувајќи по жалбите изјавени и од тужената преку полномошникот Николчо Атанасовски, адвокат од Д., и од тужителот преку полномошникот «Г. Б.», адвокат од Б. против пресудата на «Основен суд Делчево» «П бр. 23/09» од 14.10.2010 година, на седницата одржана на ден «17.01.2010» година ја донесе следната:
П Р Е С У Д А
Жалбите изјавени од тужената и од тужителот », - СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.
Пресудата на «Основен суд Делчево» «П бр. 23/09» од 14.10.2010 год. во ст. 4 и 5 од изреката , - СЕ ПОТВРДУВА.
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужената да му ја плати на тужителот на име дополнителни трошоци за одговор на жалба сумата во износ од 4.500,оо денари.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
«Основниот суд во Делчево» со пресудата «П бр. 23/09» од 14.10.2010 година тужбеното барање на тужителот против тужената го усвоил.
Бракот заклучен помеѓу тужителот и тужената на ден 24.08.2002 година во Д. заведен во матичната книга на венчаните што се води за место Д. под тековен бр.64 за 2002 година, го развел.
Одлучил малолетните деца К. С. родена на ден 03.12.2002 година и К. М. родена на ден 16.01.2004 година да се доделат на чување, воспитување и делумно издржување на нивната мајка тужената М. К.
Го задолжил тужителот да плаќа на име издршка за малолетните деца преку нивната мајка месечно износот од по 5.000,оо денари за едно дете односно 10.000,оо денари за двете деца почнувајќи од 09.02.2009 година во иднина додека не се променат условите.
Ја задолжил тужената да плати на тужителот на име трошкови по постапката износ од 30.065,оо денари во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата.
Од вака донесената пресуда како во ст. 4 и 5 од изреката на истата останала незадоволна тужената која во навремен рок изјавила жалба поради суштествени повреди на одредбите од парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, погрешна примена на материјалното право и поради одлуката за трошоците, па предлага жалбата да се уважи а пресудата укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно судење.
Од вака донесената пресуда и тоа само по однос на одлуката за трошоците по постапката останал незадоволен тужителот кој во навремен рок изјавил жалба поради одлуката за трошоците, па предлага жалбата да се уважи а пресудата укине и предметот врати на првостепениот суд на повторно судење.
Полномошникот на тужителот, Г. Б., адвокат од Б. поднел одговор на жалба со кој ги побива жалбените наводи на тужената и предлага жалбата да се одбие а пресудата потврди.
Апелациониот суд во Штип ги разгледа жалбата, одговорот на жалба и останатите списи во предметот, ја испита побиваната пресуда во смисла на чл.354 од ЗПП, па најде:
Жалбите се неосновани.
Неосновани се жалбените наводи на жалителот - тужената да првостепениот суд донесувајќи ја побиваната пресуда и одлучувајќи како во ст. 4 и 5 од изреката на истата сторил суштествена повреда на одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.13 од ЗПП, бидејќи изреката на побиваната пресуда во овој дел е јасна, разбирлива и извршна, а во образложението на истата за овој дел се наведени доволно причини за решителните факти кои се од битно влијание при одлучувањето на спорот.
Неосновани се и жалбените наводи на тужената за сторена суштествена повреда од чл.343 ст.1 од ЗПП а в.в. со чл.249 и чл.198 од Законот за семејството, бидејќи во конкретниот случај побиваната пресуда во делот за разводот и одлуката за доделувањето на малолетните деца на странките на тужената на чување и воспитување и делумно издржување со изјавената жалба не се напаѓа и поради неучеството на Центарот за социјална работа во парницата повреда ниту на одредбите од ЗПП, ниту на Законот за семејството не е сторена.
Неосновани се и жалбените наводи на тужената за погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба. Првостепениот суд утврдил дека тужителот и тужената во бракот заведен во матичната книга на венчаните во Општина Д.под тековен бр.64 за 2002 година имаат 2 малолетни деца и тоа К. С. родена на ден 03.12.2002 година и К. М. родена на ден 16.01.2004 година. Поради нарушените брачни односи утврдил дека во И. каде што живееле по склучувањето на бракот тужената го напуштила тужителот и со себе ги зела и двете малолетни деца. Утврдил дека тужителот Ѓ. работел како возач во градежна фирма. Утврдил дека од фактичкиот престанок на брачната заедница на 19.11.2008 година, тужителот воопшто не плаќал издршка за малолетните деца. Тужителот набргу по фактичкиот престанок на браќната заедница останал без работа во И., а во 2010 година се враќал и во Д. меѓутоа 3 пати бил во Италија каде што и поработувал без да биде пријавен како вработен. Првиот пат бил во м.март 2010 година, се вратил во април, вториот пат бил во м.јуни 2010 година, а третиот пат во м.јули и се вратил непосредно пред судењето по предметот. Судот утврдил дека додека бил во И. тужителот вршел одредени работи, имено работел на црно чистејќи лозја, дворови и при тоа дневно заработувал од 45 до 50 евра. За мајката на малолетните деца утврдил дека е вработена во И. и дека истата остварува плата поконкретно наведена по месеци и износи како во образложението на побиваната пресуда. Судот утврдил дека двајцата родители имаат сопствен стан во И. кој иако е обременет со кредити е даден на продажба преку агенција.
Ваквата фактичка состојба е правилна и целосно утврдена и произлегува од изведените и правилно ценети докази.
Како резултат на правилно и целосно утврдената фактичка состојба првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога ја донел побиваната пресуда во потврдениот дел
Согласно чл. 179 ст. 1 од Законот за семејството „Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца„.
Согласно чл. 194 ст. 2 од истиот Закон „Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја земе во предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување„ а согласно ст. 3 од истиот член „При утврдување на можноста на лицето кое е должно да дава издржување судот ќе ги земе во предвид сите негови приходи и вистинските можности за стекнување на заработка и неговите сопствени потреби и законски обврски по основ на издржување спрема други лица„.
Согласно чл. 196 од истиот закон „Висината на издржување судот може да ја определи во определен износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и примањата остварени од вршење на друг вид дејност„.
Во конкретниот случај од изведените докази првостепениот суд неспорно утврдил дека тужителот е без постојано вработување со престој повремено во Р М. повремено во И. со повремена работа на црно од која едвај заработува за гола егзистенција, додека тужената е вработена во И. каде остварува редовни месечни примања.
Од погоре изнесените причини, а посебно имајќи го во предвид при одлучувањето фактот дека тужителот нема постојана работа во И., туку заминува за И. од случај до случај кога ќе му се јават дека може да отиде да работи, а имајќи ги во предвид при одлучувањето и потребите на двете деца со оглед на нивната возраст, по мислење на овој суд првостепениот суд правилно а согласно погоре цитираните законски одредби прифатил дека досудениот износ од по 5.000,оо денари месечно за едно дете е реален износ, кој тужителот е во состојба да го плаќа без при тоа да биде загрозена неговата животна егзистенција, а имајќи го во предвид фактот дека и тужената е во состојба да дава на име издршка за своите малолетни деца одреден износ, и правилно одлучил уважувајќи го предметното тужбено барање за овој износ по дете или 10.000,оо ден. месечно за двете деца, почнувајќи од 09.02.2009 година во иднина додека не се променат условите.
Неосновани се жалбените наводи на тужената и на тужителот да првостепениот суд поггрешно ја донел одлуката за парничните трoшоци,бидејки истата е до0несена согласно член 1480 од ЗПП а висината ја определил согласно чл.149 од истиот закон.
Овој суд ги имаше во предвид и другите жалбените наводи на жалителите но не ги прифати од причини што истите не се од влијание за поинакво одлучување во конкретниот граѓанско правен однос.
Согласно чл.160 од ЗПП овој суд ја задолжи тужената на тужителот на име дополнителни трошоци за одговор на жалба му плати износ од 4.500,оо денари, од кои 3.900,оо денари се однесуваат за состав на одговор на жалба со 30% паушал а 600,оо денари за такса на одговор на жалба согласно АТ и ЗСТ.
Од погоре наведеното а согласно чл. 357 од ЗПП се одлучи како во изреката на оваа одлука.
АПЕЛАЦИОНЕН СУД ШТИП, -«17.01.2011» година.
Претседател на советот,
Љубе Николов с.р.
.